Отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектурата во Венеција - Канал 5

Отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектурата во Венеција

Погледот на креативниот свет во моментов е насочен токму кон Венеција. Македонскиот павилјон го краси вашата визија која, повторно ќе речам, убедена сум дека го дава одговорот на тематското прашање на ова биенале: 

Отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектурата во Венеција

Со претставување на проектот „Сега" на Бирото за проектирање – БИНА во палатата „Зорци", седиштето на УНЕСКО во Венеција, денеска и официјално е отворен македонскиот павилјон на една од најпрестижните глобални архитектонски манифестации – 17. Биенале на архитектурата во Венеција.

По тој повод, министерката за култура Ирена Стефоска, која, иако немаше можност физички да присуствува на настанот, преку видеопорака, на, како што рече, амбасадорите на македонската култура и уметност им порача дека ја имаат целосната нејзина поддршка и им пожела проектот да привлече завидно внимание.

„Погледот на креативниот свет во моментов е насочен токму кон Венеција. Македонскиот павилјон го краси вашата визија која, повторно ќе речам, убедена сум дека го дава одговорот на тематското прашање на ова биенале: „Како ќе живееме заедно?", порача министерката Стефоска.

Стефоска рече дека главниот куратор на ова биенале, Хашим Саркис, ги повикал архитектите, и покрај политичките поделби и економската нееднаквост во светот, да го обмислат просторот во кој сите можеме да живееме заедно.

На отворањето на македонскиот павилјон се обрати и Матео Росати, претставник на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, организација којашто со задоволство го отстапи атриумот на палатата за потребите на изложбата, кој во своето обраќање истакна дека ова не е првпат канцеларијата на УНЕСКО да биде домаќин на националниот павилјон на Македонија во рамките на Биеналето во Венеција и нагласи дека годинешната изложба е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата.

Во своето поздравно обраќање, комесарот на проектот, Дита Старова-Ќерими, денешниот настан го оцени како ретка можност за достоинствено претставување на нашата земја на една од најпрестижните манифестации која традиционално се одржува во Венеција, како проект кој кореспондира со прашањето „Како ќе живееме заедно?".

Куратори на проектот се Бекир Адеми и Јордан Шишовски. Покровител на изложбата е Министерството за култура на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Грција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. 

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка.

На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.

Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Завршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото.

-Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација.

Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем.

Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација.

Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер