Отворен е „замрзнатиот пат“, каде возачите не смеат да бидат врзани и имаат драстично ограничување (ВИДЕО) - Канал 5

Отворен е „замрзнатиот пат“, каде возачите не смеат да бидат врзани и имаат драстично ограничување (ВИДЕО)

Естонскиот транспортен орган отвори „замрзнатиот пат“ долг 17 километри што ги поврзува островите Хиумаа и Сааремаа, кој се протега преку замрзнатото море.

Отворен е „замрзнатиот пат“, каде возачите не смеат да бидат врзани и имаат драстично ограничување (ВИДЕО)

Тоа е првиот „замрзнат пат“ отворен оваа година, бидејќи дебелиот мраз го отежнува движењето на фериботите, а возилата што го преминуваат патот мора да бидат полесни од 2,5 тони, да се движат побавно од 20 км/ч, додека возачите не смеат да користат безбедносни појаси - за да можат брзо да излезат од автомобилот во случај на проблем.

Кога се затвора делницата?

Исто така, на автомобилите не им е дозволено да застануваат и мора да одржуваат безбедно растојание едни од други, а возењето по патеката е можно само преку ден од 8:30 до 17 часот (последното возило смее да излезе на мразот во 16:30 часот).

Во случај видливоста да падне под 300 метри, патот е затворен, се наведува.

„Замрзнатиот пат“ е создаден од ниските температури што го замрзнаа морето во западна Естонија, помеѓу Балтичкото Море и Ришкиот Залив, а властите одлучија официјално да го отворат откако граѓаните почнаа да го преминуваат замрзнатото море по сопствена иницијатива.

„Ледениот пат“ е дел од културата

Луѓето што живеат на помалиот остров Хиумаа, со население од околу 9.000 жители, патуваат до Сааремаа, со население од околу 31.000 жители, за да купуваат, да пијат кафе или да ги носат своите деца на училиште, а доаѓањето на поголемиот остров овозможува поврзување со естонското копно.

Градоначалникот на Хиумаа рече дека отворањето на „Замрзнатиот пат“ е неопходно и дека е „дел од културата“.

„Со генерации, мештаните што живеат тука, особено оние во близина на морето, пливаат и користат чамци во лето. А во зима, во нивната крв е да одат на море и да излегуваат на мразот“, рече тој.

„Замрзнатиот пат“ е во суштина обележан коридор на замрзнатото море каде што експертите утврдиле дека мразот е доволно дебел за да ја издржи тежината на автомобил што се движи по него.

YouTube video

Какви се безбедносните услови?

Локалниот надзорник на патиштата рече дека подготовката не била лесна и дека работниците мора да ја мерат дебелината на мразот на секои 100 метри за да утврдат области со повеќе од 24 сантиметри мраз - минимум потребен за безбедност.

Во исто време, тие мора да ги израмнат ледените гребени и пукнатини, а временските услови и јачината на мразот се следат 24 часа на ден, врз основа на што се прилагодува трасата.

„Замрзнатиот пат“ последен пат беше користен за поврзување на островите пред осум години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француските трговци ги затвораат излозите со даски пред денешните масовни протести

Франција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили низ целата земја поради масовните протести најавени за денеска. 

Француските трговци ги затвораат излозите со даски пред денешните масовни протести

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави решителен одговор на земјата на секаков вид насилство. Во градот Нанси, продавниците сè уште ги заштитуваа своите прозорци и влезови со дрвени панели.

Мобилизација на сите ресурси

Министерот Нуњез изјави дека во операцијата ќе бидат вклучени сите расположиви ресурси. Планот вклучува и персонал од служби кои вообичаено не извршуваат вакви задачи. Тој, исто така, потврди дека се мобилизирани специјализирани и елитни единици, кои ќе бидат распоредени на клучни стратешки точки.

Се очекуваат до половина милион луѓе

Се проценува дека помеѓу 400.000 и 500.000 луѓе ќе учествуваат во протестите. Пред новите собири, министерот за правда Жералд Дарманин објави податоци за последиците од немирите минатиот викенд. 232 лица беа приведени, а против повеќе од илјада луѓе беа покренати судски постапки.

Младите луѓе протестираат со недели, барајќи подобра опрема во училиштата. Во текот на викендот, други групи им се придружија на нивните собири во голем број градови, вклучувајќи протести против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни судири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Секој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. 

Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо.

Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата.

Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.

Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа.

Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина.

Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата.

Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари.

Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување.

Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард.

И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.

Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години.

Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртење

Во текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.

Фиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртење

Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1.

За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан.

Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив

Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали.

Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив.

На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело.

Перформанси што не можат да се купат

Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина.

Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар.

Може да има дизел мотор со 200 КС

Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил.

Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер