3Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураОтворен 60. МТФ Војдан Чернодрински: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстанеДостоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерва беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и проекцијата на документарецот посветен на 60 години фестивал, во кој театарски уметници и работници што оставиле белег низ годините, зборуваа за неговото значење. Со бурни аплаузи што траеја и по неколку минути беа поздравени лауреатите на наградите за животно дело и членови на нивни семејства. Атила Клинче, Веби Ќерими, Сашо Миленковски и Љубомир Чадиковски. Атила Клинче -Зад мене се 44 години како актер, директор на институција и како професор. Тоа е мојот скромен придонес за афирмација на македонскиот театар, на турската заедница во земјава и надвор од неа. Им благодарам на мојата драга колешка Ана Стојаноска, на колегите од фестивалот што ме удостоија со вака значајна и престижна награда и вие, публико, со вас пораснавме. Не мислам дека е крај, наградата ми дава уште поттик - рече Клинче и низ солзи се заблагодари на своето семејство за сета поддршка. Актерот Веби Ќерими се заблагодари на сите што се заложија за оваа награда, за своите колеги од Албанскиот театар за безрезервната поддршка. -Исто така не треба да се заборави оваа прекрасна прилепска публика, која со децении и е верна на овој културен театарски настан во земјава - рече Ќерими. Во име на режисерот Сашо Миленковски, наградата ја прими неговата ќерка Сара Миленковска, која истакна: -Овој фестивал го има препознаено неговиот храбар и нов пристап кон театарот. Како ќерка на режисер и сестра на режисерка, сум имала привилегија да растам во театарот и околу театарот и на сите можни начини да знам колку е значајно да се вложува во театарот и да останеме храбри и достојни. Љубомир Чадиковски не ја криеше својата среќа за наградата. - Оваа награда не е само лично признание, ами признание за еден пат, за години поминати во театарот на сцена, меѓу сценографии, режисери, деца, млади.. По професија сум архитект, но судбината ме однесе на сцената која секогаш ми беше простор да се исполни со идеја, со емоции, со светлина. Имав чест да создадам светови што траеја кратко на сцената, но долго остануваа во сеќавање на публиката. Посебно место во мојот живот има Театарот за деца и младинци. Децата заслужуваат уметност, младите заслужуваат сцена. Тој театар не е мал, оти детската публика не може да се измами, кога човек ќе погледне наназад, ги паметите луѓето на сцена, режисерите, техничарите, сите тие што се чесно во себе....и секако публиката, детските очи. Оваа награда е за сите што веруваа во театарот кога не било лесно. Делото не завршува со награда, се додека има сцена, публика, деца... приказни, театарот ќе продолжи да живее - рече Чадиковски. Покровителката на фестивалот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со голема пиетет кон лауреатите и се обрати на публиката. Таа го прогласи фестивалот за отворен. -Прилеп видел генерации талентирани и расни актери, режисери, драматурзи и сценски творци, носители на улоги и претстави, коишто продолжуваат да живеат и по спуштањето на завесата. Од античката аристотеловска катарза со која се соочува човештвото денеска, преку шекспировото драмско огледало, до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно, вклучувајќи ме и мене, се соочува со вистината. Во трагедијата ја чувствуваме тежината на изборот, во комедијата се чудиме и се смееме на сопствените слабости, во драмата ги препознаваме човечките премрежиња, во гротеската се соочуваме со нашите, човекови парадокси. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели коишто инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат. Денес, во време на брзи слики и куси сеќавања, театарот нè повикува не само да гледаме, туку и да чувствуваме и да проникнуваме во себе. Може ли една претстава да нè освести до болка или да нè израдува до делириум? Може ли еден актер да ни го открие човекот во нас? Може - рече Сиљановска-Давкова. Со подигнувањето на завесата, фестивалот испишува нова приказна за сценските волшепства, уметничката историја и културната традиција со која се афирмира македонското драмско творештво, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. -Фестивалот „Војдан Чернодрински“ претставува временска верига на високи театарски вредности што се создаваат на македонска почва и само овде, во Прилеп, театарот умее да ја собере небесната амброзија на човечката мисла, што ги оживува вековите и нè поведува по патеките што единствено ја откриваат суштината на постоењето и иднината на вечниот театар. Името на Војдан Чернодрински – македонскиот писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар – веќе шеесет години претставува синоним за новите специфики и креативната форма на македонскиот театар и симбол на нераскинливата поврзаност на неговото творештво и револуционерната борба на македонскиот народ низ вековите. Еден град без театар навистина е град без душа. А културата, колку и да е скапа, секогаш е поевтина од некултурата што доаѓа по неа. Како министер за култура, немам намера да се однесувам како проблемот да не постои. Објектот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ е затворен од март минатата година поради сериозни безбедносни недостатоци. Тоа е недозволива состојба за институција со 75-годишна традиција, со повеќе од 400 премиери и над два милиона гледачи. Тоа не е само проблем на Прилеп. Тоа е прашање на достоинството на македонската култура. Додека се водеа други битки и се бараа други признанија, институции како оваа беа оставени да стареат, да пропаѓаат и да чекаат подобри времиња. Тоа време завршува денес. Проектот за целосна реконструкција на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е подготвен и ќе го реализираме. Не како политичко ветување, туку како долг кон генерациите уметници што ја создаваа историјата на овој театар и кон генерациите што допрва ќе ја создаваат неговата иднина - рече Љутков. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска им се заблагодари на сите пријатели и поддржувачи на фестивалот и им додели благодарници на „Витаминка“ - Прилеп, на „Прилепска пиварница“, „Пакомак“, „Комфи Ангел“, Никола Мариновски од Регионалната стопанска комора - Прилеп. - Фестивалот „Војдан Чернодрински“ - Прилеп нема да биде тоа што е без нашите редовни поддржувачи. Ви благодарам од срце на сите општествено - одговорни компании за долгогодишната поддршка: на сите спонзори, на сите пријатели, поддржувачи, продукциски партнери - рече Стојаноска. Беа испочитувани за нивниот придонес и: Кирил Ристоски, долгогодишниот директор на нашиот фестивал, за креирањето на ликот на фестивалот, Петре Темелкоски, Катерина Коцевска, Стојан Дамчески, Дејан Проданоски, актуелен градоначалник на Прилеп. По официјалниот дел на програмата, настапи Драмскиот театар со претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски. На свеченото отворање во салата му претходеше изложбата на артефакти од секаков тип во чест на јубилејот, што започна со перформанс на студентите на ФДУ, според текстови на Дејан Дуковски, а во режија на Шенај Мандак. Изложбата продолжи кон Музејот на икони, па Саат-кулата, Рекламите и симболично во холот на „Марко Цепенков“. Прилепчани беа видно емотивни, особено членовите на семејствата на основачите. Изложбата ја создадоа Ана Стојаноска и Звонко Димоски. -Културата треба да памети, народот, луѓето треба да се сеќаваат, затоа што животот е краток. Сите ние поминуваме низ разни премрежја и убаво е да оставаме траги зад нас. Театарот е ефемерна уметност, се случува во мигот дури ја гледаме претставата, се гасат светлата и ја нема повеќе. Затоа е многу важно да се чува во нашите сеќавања. Оваа изложба со Звонко ја замисливме како патување низ фестивалот. И благодариме на „Витаминка“ што избра заеднички да го славиме јубилејот - рече Стојаноска на отворањето на изложбата. Димоски истакна дека добар дел од материјалите што ги нашле веќе ги дигитализирале. НАЈАВА ЗА 6 ЈУНИ На вториот ден публиката ја очекува богата програма. Програмата „Драмолетање“ започнува во 11 часот во кино „Мис Стон“. Веќе традиционалните разговори на тркалезна маса ќе се случуваат еден час подоцна со екипата на претставата „Мачкина глава“. Изложбата „Прилеп во фокус“ во чест на Лидија Иваноска, Трајче Иваноски и Благоја Ивчески, ќе биде отворена во кафе-барот „Тротоар“ во 18 часот и во кафе-галеријата „Лувр“ во 18.30 часот. Две претстави се вечер на програмата - „Црнила“ според Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, а во 21 часот ќе следува „Калигула“ во режија на Ѓорѓи Ризески, продукија на Народниот театар од Куманово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИнфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“. Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе. Од mukbang до Холивуд Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми. За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“. Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Семејство и нови мемоари Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година. Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.Тагови: инфлуенсерка Јутјуб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20