3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
КултураОтворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Камерниот оркестар „БА-РОК“Со концерт на Камерниот оркестар „БА–РОК“ вечерва во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот, свечено ќе биде отворено годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022.Камерниот оркестар е во состав Климент Тодоровски, Јане Бекевски – виолини, Марија Георгиева – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – Флејта / пиколо, Татијана Петрушевска и Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударалки. Како солисти ќе настапат Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист е Иван Еминовиќ, а режисер е Љупка Јакимовска. На програмата се дела од Ж.Ф. Рамо, Хендел, Бах и Вивалди, а ќе бидат изведени и ариите на Клеопатра од операта „ Јулие Цезар “, на Гризелда од истоимената опера и терцет од операта „Монтезума“, како и Свитата „Les IndesGalantes“. Членовите на ансамблот „БА-РОК“ својот прв заеднички настап го имаа на Мајските Оперски Вечери 2021 година во продукција на Националната Опера и Балет со претставата „ Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Од таму произлезе идејата да продолжат да дејствуваат како ансамбл негувајќи ја Барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Северна Македонија. -Самата комплексност на Барокниот стил, бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, нашите пејачи се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ. Предводени од нашиот диригент Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен Барокен перформанс. Преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа, да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, наведуваат од ансамблот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваОд Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура. Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим. Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје. Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион. Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини. Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни. Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето. Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди. Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот. Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен. Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје. Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд. Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци. Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФерен Торес на пат за Париз!?Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ. Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион. „Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра. Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05