Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
2Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
МакедонијаОтстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Центар и Гази БабаВо текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба.Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик. Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50. ЈП „Комунална хигиена“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаТелефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) предложи воведување технологија што ќе му овозможи на вашиот телефон да добие предупредување кога некој снима со паметни очила во близина. Предлогот е дел од поширока иницијатива на европските регулатори за спречување на тајно снимање на луѓе без нивна согласност. За разлика од мобилните телефони, паметните очила често се тешки за забележување кога камерата е вклучена. Регулаторите затоа предлагаат воведување на Bluetooth сигнали, посилни светлосни индикатори и звучни предупредувања при снимање. Некои европски земји веќе подготвуваат многу построги мерки. Норвешка планира привремено да ја забрани употребата на паметни очила на одредени јавни места, вклучувајќи паркови, плажи, музеи, трговски центри и училишта. Холандската агенција за заштита на податоци отиде дотаму што на 19 ноември препорача граѓаните да не ги купуваат уредите, наведувајќи ризици за приватноста и безбедноста на корисниците и минувачите. Мета, која учествува со 84 проценти од глобалните пратки на паметни очила, веќе го измени софтверот на своите модели Ray-Ban од втора генерација. Камерата автоматски се деактивира ако корисникот го покрие или измени индикаторот за снимање, додека физичкото отстранување трајно ја оневозможува камерата, објавува IEEE Spectrum. Европските регулатори, исто така, сакаат автоматско замаглување на лицата на минувачите, ограничувања за континуирано снимање и пренос во живо, како и обработка на чувствителни податоци директно на очилата наместо на далечински сервери. Во Германија, HateAid поднесе кривични пријави против Meta, Ray-Ban, Oakley и неколку трговци на мало, повикувајќи се на закон што забранува продажба на уреди дизајнирани за тајно снимање.Тагови: паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВојската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили Десетици луѓе, вклучувајќи цивили на свадба и ученици во училиште, се убиени во серија воздушни напади извршени од војската на Мјанмар низ целата земја во последните денови.Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си.. Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот. Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите. Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи. Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата. Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.Тагови: Мјанмар цивили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook