Отсекување на главата на Св. Јован Крстител - спомен на погубувањето на последниот старозаветен пророк - Канал 5

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител - спомен на погубувањето на последниот старозаветен пророк

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. 

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител - спомен на погубувањето на последниот старозаветен пророк

Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Последниот старозаветен пророк свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител. Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7. VII/ 24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7. I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така, во христијанската вера св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници.

Празникот Отсечение главата на св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост. Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се среќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и, воопшто, во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството. „Свети Јован - кумство, побратимство“, се пее во една песна од Дебарско.

Според светото предание св. Јован и Исус биле блиски роднини, зашто мајката на св. Јован, Елисавета, ѝ била тетка на Марија, мајката на Исус. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа е синот на стариот Ирод оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем, во времето кога требало да се роди Исус Христос, за со нив да биде погубен и Спасителот. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез по име Арета. Но тој, таков поган каков што бил и од погано семејство, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал. „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, му велел на царот. Затоа Ирод решил да му се освети. Се плашел да го убие зашто целиот народ го почитувал за пророк, но го ставил во затвор за да го заплаши. Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, којашто со својата игра толку го занела Ирод што тој ѝ ветил дека во тој момент ќе ѝ исполни секаква желба, ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка што долго го чекала овој час веднаш ѝ рекла да ја побара главата на свети Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирод тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време девојката ја имала на послужавник главата на свети Јован која ја предала на својата мајка, а оваа пак, не задоволувајќи се со тоа, му го бодела со игла јазикот што зборувал за нејзиниот неморал. Телото на светителот го зеле неговите ученици и го погребале, а главата, пакосната Иродијада, ја закопала на некое нечисто место, во дворецот на Ирод. Се плашела дека ако главата и телото бидат на едно место можело да се случи пророкот да воскресне. Меѓутоа една благочестива жена на дворот на Ирод не можела да трпи главата на пророкот да биде закопана на нечисто место, па ја откопала тајно, ја однесла во Ерусалим и ја погребала на Елеонската Гора.

Царот Ирод кога разбрал дека Исус лекува болни воскреснува мртви и прави чуда, мачен од сопствената совест, си помислил дека пророкот Јован воскреснал. Некои мислеле дека тоа е пророкот Илија други дека е некој друг пророк, а царот Ирод бил убеден дека е токму Јован кому што тој наредил да му ја пресечат главата. Народот бил сведок дека сите што биле заслужни за погубувањето на пророкот ги стигнала заслужената казна. Ирод ја загубил битката со арапскиот цар Арета, таткото на неговата прва жена кој сакал да ја измие навредата и да ја поврати честа на својата ќерка. Бил испратен на заточение заедно со Иродијада, каде што во навреди и понижувања двајцата ги завршиле животите. И Саломија не останала неказнета. Таа се удавила во реката. Подоцна некој богаташ се замонашил во Елеонската Гора и сакал да прави ќелија. Започнал да копа и нашол еден сад и во него една глава, а по Божја промисла имал сознание дека тоа е главата на Крстителот. Откако ја бакнал повторно ја закопал на истото место, а таа подоцна шетала од една рака во друга, била заборавана и наоѓана додека во време на царицата Теодора не била пренесена во Цариград.

Денот на погубувањето на св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември (29 август според стариот календар) под името Отсекување (или Отсечение) главата на свети Јован Крстител. Иако свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Значењето на Свети Јован Крстител. Неговиот голем култ, воопшто, во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Во Гевгелиско, празникот го викале Св. Јуван Посни, го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа. Од друга страна, пак, трагичната судбина на светителот раскажана во неговото житие оставила траги и во нашата раскажувачка традиција. Така на пр. во едно предание од Охридско запишано од Ефтим Спространов се раскажува: „Имало некој цар и сакал да се женит за снаа си. Свети Јон не го остал и многу зборвел, за да не се сторит таква страмота. Тога царот го затворил во апцаана и го држел таму. Оваа снаа му - имала една ќерка ногу лична. Цароф је викнал еднуш да му поиграт едно оро - да му се покршит како ченѓија и је рекол: Ќе ти дам што ќе сакаш- едно царство да ми посакаш и то ќе ти дам“. Момичката отишла и је казала на мајка си. Та бидеешчем била лута на Свети Јона је рекла на ќерка си: Поиграј му и ко ќе ти речит, што сакаш да ти дам, ти да му речиш: Од Свети Јона глаата. “ Оваа момичкава била ногу аџамија. Ко је рекол: Шо сакаш да ти дам, та му рекла: Од Свети Јона глаата. Не знаела клетата зашчо је рекла така мајка је. Тогај царот пратил џељати и на саатот му је пресекле. Во тепчишче је клале и је занесле горе. Е ама на Свети Јон веднуш му порасла друга“.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Oтсeкувањe главата на св. Јoван Крститeл

Ирoд Антипа, син на стариoт Ирoд, убиeц на младeнцитe вo Витлeeм вo врeмeтo на раѓањeтo на Гoспoда Исуса, бил гoспoдар на Галилeја, вo врeмeтo на прoпoвeдта на Јoвана Крститeл. Тoј Ирoд бил жeнeт сo ќeрката на нeкoј арапски кнeз Арeта. Нo Ирoд, зoл изданoк oд зoл кoрeн, ја избркал свoјата закoнска жeна и нeзакoнски ја зeл за сeбe за сoпатничка Ирoдијада, жeната на свoјoт брат Филип, кoј бил уштe жив. Прoтив oва бeззакoниe станал Јoван Крститeл и силнo гo разoбличил Ирoда. Ирoд за тoа гo фрлил вo самица. За врeмe на eдна вeсeлба вo свoјoт двoр вo Сeвастија Галилeјска, прeд гoститe играла Салoмија, ќeрката на Ирoдијада и Филипа. И пијаниoт Ирoд, занeсeн oд таа игра, ѝ вeтил на танчeрката дeка ќe ѝ дадe сè штo ќe пoбара oд нeгo, па тoа да бидe и пoлoвина oд царствoтo. Пoучeна oд мајка си, Салoмија ја пoбарала главата на Јoван Крститeл. Ирoд нарeдил, та гo убилe Јoвана вo самицата и ја дoнeслe нeгoвата глава на табла. Учeницитe Јoванoви нoќe гo зeлe тeлoтo на свoјoт учитeл и чeснo гo пoгрeбалe, а Ирoдијада гo избoдила сo игла јазикoт Јoванoв, а главата ја закoпала на нeкoe нeчистo мeстo. Штo сe случилo пoнатаму сo главата на Јoван мoжe да сe прoчита пoд 23 фeвруари. Нo oваа група злoтвoри набргу ја стигнала Бoжјата казна. Кнeзoт Арeта за да ја измиe чeста на свoјата ќeрка, удрил сo вoјска на Ирoда и гo сoтрeл дo зeмја. Пoразeниoт Ирoд бил oсудeн oд кeсарoт римски Калигула на прoгoнствo, првo вo Франција, а пoтoа вo Шпанија. Какo прoгoнeти Ирoд и Ирoдијада живeeлe вo бeда и пoнижувањe сè дoдeка зeмјата нe сe oтвoрила и нe ги прoгoлтала. А Салoмија загинала сo зла смрт на рeката Сикoрис (Сула). Смртта на св. Јoван сe случила прeд Пасха, а празнувањeтo на 29 август e вoстанoвeнo пoради тoа штo на тoј дeн e oсвeтeна црквата штo ја пoдигналe царoт Кoнстантин и царицата Eлeна на нeгoвиoт грoб вo Сeвастија. Вo таа црква сe пoлoжeни и мoштитe на учeницитe Јoванoви: Eлисeј и Авдиј.

Тропар

Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.

Кондак

Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)

Одгледувањето шафран обично се поврзува со постудена клима и природна средина, но еден пар од индиската држава Махараштра пронашол начин да го произведе овој скап зачин во својот стан-гарсониера.

Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)

Наместо традиционалните земјоделски методи, тие решиле да се потпрат на технологијата и да претворат простор од само 37 квадратни метри во мала фарма, објавува Observator News.

Специфични услови за одгледување

Акшај Холи и неговата сопруга Дивја Лохакаре развиле бизнис базиран на аеропоника. На овој начин, тие успеале да создадат средина во која шафранот може да расте, и покрај високите температури во градот каде што живеат.

Нивниот потфат им донел значајни финансиски резултати. Според Акшај, бизнисот им донел годишен приход од приближно 38.000 до 47.500 евра.

Акшај дипломирал на Факултетот за бизнис администрација, додека неговата сопруга Дивја претходно работела во банкарскиот сектор. Двајцата почнале да ја истражуваат можноста за одгледување шафран во 2020 година, препознавајќи можност на пазар каде што побарувачката за зачинот е голема, додека домашното производство е релативно ограничено.

Причината за ова се специфичните услови потребни за негово одгледување. Шафранот генерално успева во области со соодветна клима, па затоа неговото одгледување може да биде многу тешко во региони со екстремни температури.

Првичните обиди не донесоа резултати

Наместо да се потпираат на традиционалното земјоделство, Акшај и Дивја решија прво да ја совладаат технологијата што ќе им овозможи да произведуваат во затворен простор. Во текот на две години, тие поминаа три месеци во неколку наврати учејќи од одгледувачи кои произведуваат шафран во контролирани услови.

Нивните почетни обиди не ги донесоа очекуваните резултати. Во почетниот експеримент, тие користеа 100 единици саден материјал, со вкупна тежина од еден килограм, а првата жетва даде само неколку грама од зачинот. Сепак, тие не се откажаа.

Подоцна, тие пробаа поголема количина и успеаја да произведат 1.600 грама шафран. Овој резултат ги охрабри да го прошират својот бизнис и да продолжат да инвестираат во производството.

Клучот за нивниот бизнис е аеропонскиот систем, во кој растенијата не се садат во земја. Наместо тоа, нивните корени ја добиваат потребната влага и хранливи материи преку контролирано прскање или фина магла што содржи хранлив раствор.

YouTube video

Берба од август до декември

На овој начин, можно е прецизно да се контролираат условите за раст на растенијата и да се прилагодат на нивните потреби, без оглед на надворешната клима. Токму оваа технологија им овозможила да одгледуваат шафран во град каде што високите температури инаку се сериозна пречка.

Тие организирале производство во просторија од 37 квадратни метри, но планираат дополнително да го прошират бизнисот. Поради досегашните резултати, двојката подготвува нова производствена единица со површина од дури 480 квадратни метри.

Бербата на шафран трае од август до декември, додека преостанатите месеци се користат за одгледување и одржување на садници за следните сезони.

Според Акшај, тие продаваат шафран по цена од приближно шест евра за грам, што значи дека килограм од овој зачин достигнува вредност од околу 6.000 евра.

Голем дел од работата ја работат сами. Дополнителна предност е издржливоста на опремата што ја користат, бидејќи машините во нивниот систем, според нив, можат да работат помеѓу 20 и 25 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња

Четворица вработени во малтешката институција за културно наследство „Херитиџ Малта“ се изведени пред суд под сомнение дека продавале дупликати билети на посетители и ги задржувале парите за себе. 

Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња

Случајот покрена прашања за злоупотреба на системот за плаќање на туристичките места откако беше откриено како вработените наводно заработувале дополнителни пари.

Според „Малта Хабер“, вработените наводно искористиле дупка во системот за билетарница за да испечатат повеќе копии од истиот важечки билет.

Откриена организирана измама со камери

Снимките од надзорните камери наводно покажуваат дека некои билети биле испечатени дури осум пати, по што дополнителни копии биле скриени во промотивни брошури.

Кога туристите дошле на билетарницата и платиле во готово, вработените наводно им дале претходно подготвени копии наместо да издадат нови билети.

На овој начин, парите од продажбата не завршиле кај институцијата на која ѝ припаѓале.

Според информациите презентирани за време на судската постапка, снимката од камерата наводно покажува и како вработените земаат готовина од касите и ги ставаат во своите паричници.

Неправилности забележани и претходно

Сомневањата за неправилности се појавија уште во мај, кога два идентични билети беа пронајдени во историскиот комплекс „Форт Сент Анџело“.

Овој навидум ситен детал предизвика истрага која откри можна злоупотреба на системот за плаќање.

Последователните проверки открија дека слични неправилности, според истрагата, се случиле и на други локации управувани од „Херитиџ Малта“.

Четворица вработени беа обвинети за нелегално стекнување пари на сметка на институцијата со користење на можноста за дуплирање билети.

Случајот стигна до судска завршница

Случајот заврши на суд, каде што беа презентирани наодите од истрагата и снимките од надзорните камери.

Иако станува збор за сериозни обвинувања, одговорноста на вработените сè уште не е утврдена во судска постапка.

Овој случај покажува како дури и навидум едноставен систем за продажба на туристички билети може да стане предмет на злоупотреба кога има пропусти во евиденцијата за контрола и наплата.

И целата приказна започна со само два билети кои изгледале потполно исто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди

Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз.

Никол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди

Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар.

Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“.

Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“.

Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“.

Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер