Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму? - Канал 5

Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?

Вчерашната посета на Фон дер Лајен и соопштеното на прес конференција со Мицкоски го потврди се она што СДСМ и претседателот Филипче го говорат.

Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?

Македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени туку се добредојдени во ЕУ.

Сите лаги на Мицкоски се на виделина.

Ветуваше враќање на името, Никогаш Северна, укинување на Преспанскиот договор, подобра преговарачка позиција, промена на преговарачка рамка.

Дојде на власт и одеднаш Преспанскиот договор стана ремек дело на дипломатијата, НАТО стана одлична работа за бизнисот. Сиљановска призна дека со Преспанскиот договор македонскиот јазик и идентитет се заштитени.

Нас не обвинуваше за предавство, граѓаните ги лажеше за загрозен идентитет.

Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата Мицкоски рече: ве чекаме со македонскиот идентитет и јазик.

Од лажниот патриотизам на Мицкоски останаа бугарските пасоши во ВМРО и владата и фирмите во Бугарија.

Унијата не чека ама Мицкоски се плаши од европско обивнителство. Затоа вели „децении“.

Со блокадата на европски пат од страна на Мицкоски загубивме две и пол години, регионот оди напред, 4 земји се со патокази за членство а Македонија стои.

Нема патоказ за Македонија, прво мора да се случи деблокада на процесот. А тука е и европското обвинителство.

Мицкоски го насочија кон Бугарија и тој експресно прифатил. Побарал билатерална средба со Бугарија меѓу Муцунски и Петрова која треба да се случи следната недела.

Мицкоски бараше медијација од ЕУ, тоа не го доби, наместо тоа доби порака да оди и да се обрати на Бугарија.

Билатерана средба значи полоши позиции за Македонија.

Се сведува на проблем помеѓу Македонија и Бугарија и ЕУ нема веќе да го третира како да е прашање на унијата, не оставаат во раце на Бугарија.

Фон дер Лајен точно кажа: Одбликарајте го процесот, патоказ дури тогаш ќе добие Македонија.

Во спротивно Македонија останува надвор од ЕУ.

Рече дека Препснаскиот договор е „вистинска политичка храброст“ и порача дека европскиот пат повторно бара таква храброст за да се надминат предизвиците.

Како Мицкоски ќе го деблокира процесот?

Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ. Што брани Мицкоски?

Како понатаму?

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Бугданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер