И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
2И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
ТехнологијаОткриј ја моќта на новиот Asus Zenbook Flip 13 (UX363)Asus продолжува да го задржува првото место како број еден избор и долгогодишен синоним за најдобар квалитет на лаптопи. Новото достигнување во светот на технологијата е Asus ZenBook Flip 13 (UX363) и мотив плус за чекор напред кон некое друго ниво на креативност и продуктивност. Овој лаптоп е дизајниран да овозможи голема ефикасност во работата, а истиот има и целосно нов и карактеристичен дизајн, кој што комбинира врвна преносливост со врвна разновидност. Со својот елегантен NanoEdge дисплеј и 360° ErgoLift ротација, Asus ZennBook Flip 13 (UX363) лаптопот е екстра компактен, а со неговата ултра тенка 13.9мм шасија, овозможува широка палета на I/O порти за лесно поврзување. Intel® Core™ процесорот дава одличен перформанс за продуктивност во движење и потполна визуелна креативност. ZenBook Flip 13 лаптопот е моќен и сеопфатен Asus модел, кој што се приврзува со вас и се трансформира во совршен деловен и креативен партнер. Иновативниот механизам на 360° ErgoLift е паметно дизајниран да ја подигне и навалува тастатурата во удобна позиција за пишување, кога NanoEdge дисплејот ќе се отвори над 135°. Во режим на таблет, механизмот со двојно дејство автоматски се врти однапред, за да дозволи дисплејот да се преклопи рамно на основата. Самото искуство со Asus ZenBook Flip 13 (UХ363) лаптопот ви овозможува заштеда на времето на едно ново, поинакво и креативно ниво. Овој иновативен лаптоп има моќна батерија (67WHrs, 4S1P, 4-cell Li-ion), со голем капацитет, како и поддршка во текот на целиот работен ден. Со новата технологија за брзо полнење, ZenBook-от е полни за само 49 минути и тоа до 60%, со користење на стандардни USB-C полначи за практично полнење дури и во движење. Покрај моќта на своите перформанси и креативниот дизајн, кој што ве наведува да го засакате брзо Asus ZenBook Flip 13 (UX363), она што може дополнително да го понуди дисплејот NanoEdge, е работата односно комбинацијата со опционалното пенкало ASUS, кое што доаѓа со купување на овој модел на лаптоп. Екранот на допир поддржува 4096 нивоа на притисок што ги нуди ASUS пенкалото, што го прави ZenBook-от совршен избор за секојдневна креативност и работа. Како дополнителни можности и искуства, АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) нуди сеопфатна мрежа на решенија за безжична конекција. WiFi 6 опцијата на овој модел овозможува да се вчитаат содржини на Интернет со движење на окото, а тоа е овозможено со технологијата ASUS WiFi Master Premium, која што вклучува ASUS WiFi стабилизатор и ASUS WiFi SmartConnect. Како дополнително доживување со лаптопот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) тимот на ASUS во дефинирањето на ZenBook-от и соработувајќи со специјалисти за аудио-технологија, како што се Харман Кардон, обезбедија аудио квалитет на кино “во мало пакување”. Со овој специјален аудио систем се обезбедува максимална јачина на звук со минимално изобличување за јасен звук. Со овој лаптоп се овозможува испорака на неверојатен звук од било кој агол. Изненадувањата на новиот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) не застануваат. Овој иновативен лаптоп исто така е достапен со иновативен ASUS NumberPad 2.0. Тачпад со двојна функција, со интегрирана нумеричка тастатура со LED осветлување, што другите лаптопи од неговата класа ја немаат, а е дефинитивно корисна за пресметување на буџети, калкулации и слично. Благодарение на својот интелигентен софтвер и Харман/Кардон аудио-технологијата, АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) овозможува испраќање на гласовни команди за Alexa на Google и Cortana на Windows, кое што ја олеснува комуникацијата и заштедува на време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈувентус е казнет поради непочитување на едноминутниот молк во чест на ѕвезда на Италија (ВИДЕО)Јувентус е казнет со 10.000 евра затоа што некои од неговите навивачи не одржаа минута молчење за Сандро Мацола, легенда на Интер и италијанскиот фудбал, пред натпреварот против Аталанта. Мала група од јужната трибина му сврте грб на теренот и за време на минутата молчење пееја песни посветени на починатите клупски икони на Јувентус, Гаетано Скиреа, Андреа Фортунато и Џани Ањели. Образложение за одлуката Спортскиот судија Херардо Мастрандреа изрече полесна казна, а како олеснителни околности ја зеде предвид брзата реакција на клубот, кој официјално го осуди однесувањето на навивачите. Во одлуката, исто така, се наведува дека остатокот од публиката на стадионот се дистанцира од инцидентот. „На клубот Јувентус му се изрекува казна од 10.000 евра затоа што мал процент од навивачите лоцирани во првиот круг од јужната трибина не ја почитуваа минутата молчење утврдена од Италијанската фудбалска федерација. Казната беше ублажена поради навремената и официјална реакција на клубот на овој срамен чин, како и фактот што остатокот од публиката на стадионот се дистанцира од инцидентот“, се вели во соопштението. An interesting debate has ensued amongst the football community about Juventus ultras turning their backs on Mazzola. Rivarly or Trivially? https://t.co/8fdzyLKNgb — 𝓙𝓾𝓿𝓮𝓷𝓽𝓲𝓼𝓼𝓲𝓶𝓸 (@Juventissimo90s) September 20, 2026 Дел од јужната трибина му сврте грб на Мацола Пред почетокот на натпреварот, беше одржано едноминутно молчење за Сандро Мацола, кој почина на 83-годишна возраст. Поголемиот дел од публиката на стадионот „Алијанц“ се придружи во оддавањето почит, а од трибините можеше да се чуе аплауз за една од најголемите личности на италијанскиот фудбал. Rispetto e Sportività 🗞️https://t.co/pNxbtli8gT https://t.co/MO6dY4MGka — JuventusFC (@juventusfc) September 20, 2026 Сепак, во централниот дел од јужната трибина, каде што се наоѓаат најгласните групи организирани навивачи на Јувентус, дел од навивачите му свртеа грб на тревникот. Во исто време, се слушаа извици и песни во кои им оддадоа почит на починатите легенди на Јувентус, меѓу кои беа споменати Гаетано Скиреа, Андреа Фортунато и Џани Ањели. Остатокот од стадионот не го следеше нивниот потег, а италијанските медиуми истакнаа дека повеќето од присутните навивачи учествуваа во едноминутното молчење за Мацола. Јувентус го осуди потегот на навивачите По натпреварот, Јувентус издаде соопштение во кое го осудува однесувањето на некои навивачи. „Нема соперништво што може да оправда недостаток на почит за време на едноминутното молчење. Почитувањето на сеќавањето и приклучувањето кон одбележувањето на ваквите моменти е заедничка одговорност што ги надминува припадноста и боите“, објави клубот. Реакции дојдоа и од надворешни фудбалски кругови. Претседателот на италијанскиот Сенат и познат навивач на Интер, Игнацио Ла Руса, рече дека величината на Мацола не зависи од ваквите постапки на некои навивачи. Мацола беше симбол на Интер и Италија Сандро Мацола ја помина целата своја професионална кариера во Интер, за кој играше од 1960 до 1977 година. Тој беше еден од клучните играчи на тимот на Хеленио Херера, кој освои две европски првенства, четири италијански првенства и два Интерконтинентални купа во 1960-тите. За италијанската репрезентација, тој го освои Европското првенство во 1968 година, а играше и на три светски првенства. Неговиот настап во финалето на Купот на шампионите во 1964 година, кога Интер го победи Реал Мадрид со 3:1, а Мацола постигна два гола, е особено запаметен. Тој беше син на Валентино Мацола, капитенот на познатиот Гранде Торино, кој загина во авионска несреќа во Суперга во 1949 година, и во текот на целата своја кариера остана една од најголемите икони на Интер и италијанскиот фудбал.Тагови: Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбувнаа пожари во поранешната фабрика „Железара“ и на дива депонија на Водно Попладнево околу 17 часот избувна пожар во деловни простории сместени во кругот на поранешната фабрика „Железара“ во Скопје, но истиот по интервенцијата на противпожарната бригада за кратко време е локализиран.Попладнево се запали и една од неколкуте диви депонии кои се наоѓаат под падините на Водно, на одалеченост од само петнаесетина минути од центарот на градот. Градежен шут, домашен мебел, бела техника, пластика и стари алишта е само дел од ѓубрето исфрлено на десетина локации на едно од најпопуларните места за одмор и рекреација на скопјани. Загадувачите се познати, но казните се минимални а шутот и понатаму останува нерасчистен – се жалат локалните жители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп потпиша договор за Гренланд: Противниците нема да можат да одат таму без наша дозвола Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на Данска и Гренланд денеска потпишаа договор со кој се овозможува поголемо американско воено присуство на Гренланд. Договорот може да помогне во решавањето на спорот околу стратешки важниот остров богат со минерали. Договорот беше потпишан за време на престојот на Трамп на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Сепак, тоа не го исполнува претходното барање на Трамп Гренланд да стане дел од САД, за што тој се залагаше поради зголеменото присуство на Русија и Кина на Арктикот. Наместо тоа, договорот дозволува проширување на американското воено присуство на Гренланд. Таа опција се појави откако гренландските и данските лидери се спротивставија на американското преземање на островите. Изјавата на Трамп за „трајните овластувања“ Во говорот пред светските лидери во ОН, пред церемонијата на потпишување, Трамп рече дека договорот им дава на САД „постојана власт над безбедноста и сите други потреби на таа територија“. „Ниту еден противник на САД никогаш повеќе нема да смее да воспостави воено присуство на Гренланд или да инвестира во чувствителни сектори таму без наше изречно писмено одобрение“, рече Трамп. По говорот на Трамп, договорот го потпишаа данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен. Фредериксен го опиша договорот како „договор што може да трае вечно“. Таа нагласи дека ја потврдува важноста на НАТО и го почитува правото на Гренланд на самоопределување.Тагови: Гренланд Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook