Откриено: Еве колку плаќа Русија за ракети - Канал 5

Откриено: Еве колку плаќа Русија за ракети

Украинските истражувачки медиуми добија детални информации за цените на руските крстосувачки и балистички ракети што се користат во нападите врз Украина.

Откриено: Еве колку плаќа Русија за ракети

Документите за набавка, добиени од украинскиот портал Милитарини, за прв пат фрлаат светлина врз количините, цените и видовите ракети што ги нарачала руската војска за периодот од 2024 до 2027 година.

Податоците засновани на договори покажуваат значителни испораки на ракети со долг дострел, и од копно и од воздух. Најчеста во нарачките е крстосувачката ракета од копно 9M728 (Iskander-K).

Според документите, Бирото за дизајн „Новатор“ добило најмалку две нарачки за вкупно 303 ракети во 2025 година. Единечната цена е помеѓу 135 и 142 милиони рубли, што е приближно 1,5 милиони американски долари по ракета. Ракетата носи боева глава од околу 480 килограми и има дострел од околу 500 километри.

Руското Министерство за одбрана нарача и модернизирана варијанта на 9M729, со зголемен дострел од над 2.000 километри. Само во 2025 година, договорени се 95 единици по цена од околу 146 милиони рубли, што е во просек помеѓу 1,4 и 1,8 милиони долари по единица.

Најшироко користената крстосувачка ракета 3M14 „Калибар“ е исто така предмет на големи договори во 2025 година, според кои е договорена испорака на 450 ракети по цена од 168 милиони рубли, што е околу два милиони долари по единица.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер