Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
Шоу бизОткриени причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, починале од природна смртОткриени причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, таа починала една недела пред него.Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажала истрагата на медицинските власти на Ново Мексико. 95-годишниот Хекман починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека 65-годишната Аракава од респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари. Како што пренесоа американските медиуми, властите веруваат дека таа починала една недела пред Хекман. Хекман и аракава беа пронајдени мртви на 27 февруари, откако локалното обезбедување дошло да провери дали се добро. Тогаш мртво беше пронајдено и нивното куче, а причините се уште се утврдуваат.. Хекман е еден од најзначајните американски актери во последните четири децении. Доби два оскара во кариерата, во која забележа над 100 филмски улоги..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 150 деца побарале помош на Педијатрија во Тетово во последните 48 часа – 12 хоспитализираниВисоките температури што преовладуваат во последните денови го зголемија приливот на млади пациенти на педијатриското одделение во Клиничката болница во Тетово... Летните вируси земаат полн замав, се зголемува бројот на прегледи на детските клиники ширум земјава, само во тетовската болница во изминативе 48 часа лекарска помош побарале околу 140 деца, 12 се хоспитализирани. Симтпомите кај добар дел од нив се повраќање, дијареа и дехидрација, но помош се бара и поради настинки, тонзилитис и други вообичаени прегледи. Бројките не отскокнуваат во однос на вообичаените, простор за загриженост нема, уверуваат од тетовската болница. „Според добиените информации, во моментов нема аларамантна состојба, ниту невообичаено зголемување на ваквите случаи. Бројката објавена во медиумите се однесува на вкупниот број извршени педијатарски прегледи, во кои се вклучени и пациенти со други знаци и симптоми, а не само со дијареа и повраќање. Бројот на прегледи е во рамки на вообичаениот обем регистриран во текот на летната сезона.“ Епидемиолошката слика мирува и досега до ЦЈЗ во Тетово не е испратена никаква пријава за заразни болести, вели за Канал 5 министерот за здравство Сашо Клековски. Зголемен број на приеми има и во детската клиника во Скопје, каде во 24 часа се регистрирани околу 100 прегледи, исто така, најголем дел од нив се поради слични вирусни симптоми. И од таму уверуваат, станува збор за стандардни прегледи, а бројките се вообичаени. Горештините кои и натаму траат го продолжуваат ризикот од бактериски и вирусни инфекции, велат педијатрите, а најмногу на „удар“ се доенчињата до една година, но под поголем ризик се и децата до три години. Педијатарот Д-р Мира Атанасова препорачува родителите да бидат внимателни и при случај на зараза да се даде веднаш соодветен третман на децата за да се избегне хоспитализација. „Да не се прават многу големи контакти во големи објекти како што се тц и игротеки и тука особено да се внимава. Престојот дома да биде во климатизирана просторија, со соодветна температура меѓу 23-25 степени. Верувам секое семејство дома поседува електролити, поседува пробиотик, поседува лекови за покачена температура. Малите дечиња да не дозволиме да престојуваат на клиники, да немаат хоспитални третмани, со тоа што прво ќе се интервенира со хидрација добра, во домашни услови, електролити растворени во било која течност, голтка по голтка.“ Според Атанасова, особено внимание треба да се посвети на храната, која во овие жешки денови лесно може да доведе до труење. Според препораките, таа треба да биде добро складирана, лувана и соодветно термички обработена. Особено да се внимава со млечните производи и со храната која содржи јајца, поради опасност од салмонела. На децата да им се дава свежо овошје и зеленчук кои се соодветно чувани, како и свежо приготвена храна која не е постара од 24 до 48 часа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на СеутаШпанија денеска побара од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) помош во обработката на мигрантите во северноафриканската енклава Сеута, речиси еден месец откако десетици илјади луѓе пребегнаа преку границата од Мароко.Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, испрати барање до Беата Гминдер, генерален директор на Европската комисија за миграција и внатрешни работи, барајќи помош од Фронтекс, агенцијата на Европската Унија, во проверката на мигрантите кои се нелегално во енклавата. Властите тврдат дека меѓу 5.000 и 8.000 луѓе остануваат во Сеута откако најмалку 72.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко на 30 јули. 82 мигранти загинаа во неа на шпанската страна од границата, додека Мароко потврди уште 14 смртни случаи. Шпанија, исто така, побара уште десет службеници на Фронтекс да помогнат во проверката на мигрантите. Тензиите растат во Сеута Барањето на Марласка доаѓа во услови на зголемени тензии во Сеута, по серијата протести на жителите кои бараат мигрантите да си заминат. Шаторите што ги користат мигрантите на плажата Трамболина, каде што многу од нив кампуваат, беа нападнати и запалени. Вчера, 12 мигранти беа уапсени откако каменуваа воено возило, во кое беа повредени еден војник и четворица мигранти. 11 лица беа протерани од Сеута, објави денес весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на извори од главниот градски суд.Тагови: Сеута Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?Не е првпат ВЛЕН целосно да го брани или, уште поточно, да молчи пред Стоилковиќ и неговите скандали, односно пред неговите мегаскандали.ВЛЕН молчеше кога Стоилковиќ ја нарече Република Косово „Косово и Метохија“. ВЛЕН молчеше за маршот на српски војници и полицајци во Македонија. ВЛЕН молчеше и за скандалозните изјави на министрите од Србија, дадени среде Македонија, со кои се оспоруваше и омаловажуваше државната реалност на земјата. ВЛЕН молчеше кога Владата на Македонија, чиј дел се и самите тие, со државни почести го пречека Милорад Додик. ВЛЕН молчеше и пред антизападните и проруските изјави на Додик. ВЛЕН, исто така, конкретно помогна српската Алта банка да стане дел од банкарскиот сектор во земјата, додека е очигледно дека српските економски интереси и бизниси сè повеќе се шират во Македонија. Под владеењето во кое ВЛЕН е дел, и српскиот капитал се шири во земјата. Денес имаме и српски медиум кој дејствува во Македонија. До каде ќе стигне ова влијание и ова навлегување, останува да се види. Можеби оваа потчинетост на ВЛЕН кон Стоилковиќ има корени токму во зборовите на самиот Стоилковиќ, кој изјави дека само досега, два или трипати, претставниците на ВЛЕН ги „спасил“ од јавен срам. И што се случи по оваа изјава? Ништо. Ниту приговор. Ниту дистанцирање. Ниту реакција. Напротив, ВЛЕН продолжува да биде во служба на Стоилковиќ: со неговите гласови, со неговата пропаганда и со оправдувањето на секоја негова одлука. Дури и кога петмина албански администратори беа отпуштени од работа, ВЛЕН не го спречи Стоилковиќ и тој продолжи да ја ужива нивната заштита. Денес, и случајот со српски службеник во Агенцијата за правата на заедниците се соочува со истата политичка заштита од ВЛЕН. Затоа, прашањето е легитимно, а одговорот е сè појасен: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што секогаш го поддржува и го брани? Затоа што постојаното молчење, политичката заштита и подготвеноста да се оправдува секој скандал не можат да бидат случајност. ВЛЕН денес е заробена политичка структура, која наместо да ги брани интересите на албанските граѓани и државниот интерес на Македонија, избра да молчи и да служи. Заробена не само од Стоилковиќ, туку и од влијанијата и интересите што тој ги претставува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook