Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаОткриени предуслови за живот на Енцелад - месечина на СатурнНаучниците долго време бараат докази за вонземски живот во Сончевиот Систем. Во таа смисла, научници од Југозападниот истражувачки институт (СВРИ) во Сан Антонио, Тексас, САД, открија докази за присуство на фосфор во океанот со течна вода под ледената површина на месечината Енцелад којашто кружи околу планетата Сатурн. Тоа ќе рече - предуслови за развој на живот постојат, но не се знае дали постои и некаков облик на живот таму. Тимот научници, меѓу кои и раководителот, д-р Кристофер Глајн од СВРИ - стручњак за вонземска океанографија, тврдат дека се откриени нови докази дека подземниот океан на Енцелад ги содржи клучните соединенија за појава на живи организми. Имено, забележан е фосфор во вид на фосфати којшто потекнува од мразот на тоа вселенско тело. При проучувањата, користени се собрани податоци од мисијата „Касини“ на НАСА, којашто го истражува Сатурн и неговите прстени и сателити веќе над 13 години. Написот е објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) и „Сајенс дејли“ (Science Daily). - Користевме геохемиско моделирање во 2020 година, за да предвидиме дали океанот на Енцелад е богат со фосфор. Така откривме изобилство од фосфор во примероците мраз што излегуваат од подземниот океан, изјави д-р Глајн. Научното набљудување, заедно со лабораториските аналогни експерименти, говорат дека фосфорот го има во изобилство во океанот на Енцелад. Вселенското летало „Касини“ ја откри подземната неистечна вода на Енцелад и ги проучи шемите на парчињата мраз и гасовите коишто се ифрлаат во Вселената од пукнатините на ледената површина на Месечината. Анализата на мразот покажа присуство на натриум-фосфати. Фосфорот во вид на фосфат е од витално значење за целиот живот на планетата Земја. Има неопходен удел во создавањето ДНК и РНК - молекули што носат енергија, и ги градат клеточните мембрани, коските и забите кај луѓето, животните и микробите. Животот каков што го знаеме едноставно не е можен без фосфати. - Во океанот на Енцелад најдовме концентрации на фосфати најмалку 100 пати повисоки отколку во океаните на Земјата... Предвидувањето на присуство на фосфат е една работа, но вистинското наоѓање докази за присуството на фосфат е она возбудливото. Ова е неверојатен резултат за астробиологијата и голем чекор напред во потрагата по живот вон Земјата, нагласи Глајн. Големите гасовити планети во Сончевиот Систем имаат бројни сателити со подземни океани во коишто е можна појава на живот. Можеби едно од најголемите откритија во светската наука последниве 25 години е дека океаните под површината од мраз се вообичаени во нашиот Сончев Систем. Тоа, се чини, е својствено и за ледените сателити на гасовитите планети, како што се Европа, Титан и Енцелад, како и подалечните тела како што е Плутон. Вселенските карпести тела, слични на Земјата, со површински океани, мора да бидат доволно оддалечени од нивните гравитациони домаќини за да одржуваат температури што поддржуваат површинска течна вода. Меѓутоа, внатрешните океани може да се појават на многу поширок опсег на растојанија, што значително го зголемува бројот области погодни за живот коишто веројатно постојат низ целата галаксија. - Геохемиските експерименти и моделирањето покажуваат дека таквите високи концентрации на фосфати се резултат на зголемената растворливост на фосфатните минерали на Енцелад, а можеби и други ледени океански светови во Сончевиот Систем, додаде Глајн. Со ова откритие, сега е познато дека океанот на Енцелад го исполнува она што се смета за најосновен предуслов за живот. Следниот чекор е враќање на Енцелад во потрага на натамошни признаци за живот во океанот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСоветот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОККДенеска Советот на јавните обвинители треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter