Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
3Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
ЖивотОткриена вистинската структура на Антарктикот , никој не очекувал толку многу острови Новата мапа на Антарктикот , што ја објави НАСА откри невидени детали за континентот што е прекриен со ледена прекривка. Постојано замрзнатата прекривка што го прави Антарктикот да изгледа како бескрајна ледена пустина е само маска под еден од најживописните и најразновидните терени на Земјата. Вистинското лице на Антарктикот, како што открива новата топографска мапа на BedMachine, е всушност архипелаг со илјадници острови, фјордови, планини и долини. Некои од најголемите изненадувања на проектот се откривањето на стабилизирачки гребени кои спречуваат лизгање на мразот по должината на Трансантрактичките Планини, конфигурации на морска вода што укажуваат на зголемен ризик од повлекување на мразот од глечерите Тајтаис и Пински Остров во западен Антарктик, како и најдлабокиот копнен внатрешен кањон на светот под глечерот Деман во источниот дел на Антарктикот. „Има многу изненадувања низ целиот континент, особено во регионите кои досега не биле детално мапирани со радар“, рече професорот Матиу Морлигем, водечки автор на студијата. Темелната топографска карта на копното на Антарктикот е непроценлива за развојот на идните модели на клима, бидејќи ќе им помогне на научниците да идентификуваат кои делови од ледениот брег се поранливи на глобалните климатски промени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во БангкокМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици. Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување. Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек. Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи. На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции. Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчилиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерацијаСо ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација. Уште во 2023 година во Општина Карпош почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на националната пливачка федерација на македонија. Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сосВо вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.Состојки за денешниот рецепт: 5 зелени пиперки 2 црвени пиперки 3 домати 3 чешниња лук 80 гр. фета сирење 2 млади кромитчиња масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook