Откриена тајната: Зошто Скорпијата е најфаталниот знак во хороскопот? - Канал 5

Откриена тајната: Зошто Скорпијата е најфаталниот знак во хороскопот?

Мистериозна е, понекогаш и мрачна, а толку неодолива и сензуална.

Откриена тајната: Зошто Скорпијата е најфаталниот знак во хороскопот?

Привлекуваат внимание со маркантниот изглед, таинствената природа, но и опасноста со која зрачи нивната мистериозна појава. Едноставно, тие се неодоливи. Доколку сакате да доживеете љубов што ќе ја паметите за навек, сеедно дали врската ќе ви потрае или не, тогаш одберете партнер роден во знакот на Скорпија.

Скорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.

Таа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.

Овие личности имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога Скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на Скорпијата.

Длабочината на карактерот на Скорпијата најмногу доаѓа до израз кога таа е среќно заљубена. Кога таа е во емотивно стабилна љубовна врска, најдобро ги изразува своите чувства, страст, енергичност и нежна природа. Ако сакате да имате „врска без обврска“ со Скорпија, подобро барајте друга личност, бидејќи нема да можете да ја поднесете интензивноста и длабочината во карактерот на Скорпијата. Овој знак никогаш нема да го заборави роденденот на својот партнер или некој битен датум. Нема никогаш да избегне да ги сподели емоциите со својот љубовник. Таа ќе ве напушти само доколку врската „завршила“ во некој сегмент.

Она што е најбитно за овој знак е да се спознаат себеси. Не се плашат да пробаат нови нешта, а дури се способни да им помогнат на другите да ги совладаат своите стравови. Исто така одлично се носат со ситуации во кои се бара размислување и разбирање, па затоа се добри психолози.

Скорпиите сакаат да ги држат конците во својот живот, да бидат кројачи на сопствената судбина. Одлично се информирани, не сакаат неуспех и знаат да бидат тврдоглави. Но доколку се случи да изгубат, не очајуваат но продолжуваат напред. Способни се да работат долго и интензивно, се со цел да можат да бидат задоволни со себе кога ќе се осврнат на својот живот. Нивните чувства се интензивни, страсни и сложени, но нерадо ги покажуваат и знаат да бидат таинствени. Паметни се, решителни и лојални, и од другите очекуваат да се однесуваат со нив еднакво лојално. Доколку стекнат премногу моќ знаат да се занесат и да ја злоупотребат. Сакаат возбуда и наоѓаат задоволство во екстремни ситуации.

Нивната дарба за согледување и сензитивност, како и волја за живот е пресудна во нивната потреба за постојани успех и достигнувања. Би биле одлични детективи, научници, аналитичари на пазарот, хирурзи, полицајци, членови на војската, политичари, адвокати, психолози или сопственици на бизнис.

Елемент: Вода

Група: Интелектуална

Поларитет: Негативен

Омилена боја: Темно црвена, црна

Владејачката планета: Плутон, Марс

Куќа на владеење: Осма

Спротивен знак: Бик

Среќен камен: Опал

Период: октомври 23 - ноември 21

Силни страни: Страсни, тврдоглави, информирани, храбри, вистински пријатели.

Слабости: Љубоморни, тешко им веруваат на луѓето, таинствени, насилни.

Карактеристични белези: Продорен поглед со очите.

Сакаат: Вистината, фактите, да се биде во право, долгогодишни пријатели, голема страст, достоен противник.

Не сакаат: Нечесност, пасивни луѓе, откривање на тајни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. 

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти.

На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино.

Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето.

На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите.

Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато.

Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата.

За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. септември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 3. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите.

Кариера

Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција

Здравје и совет

Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат.

Кариера

Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други.

Здравје и совет

Покажете ги своите таленти.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов.

Кариера

Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат.

Кариера

Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино.

Здравје и совет

Вашите пријатели можеби ве шпионираат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред.

Кариера

Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет

Нервоза и замор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува.

Кариера

Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм.

Здравје и совет

Ништо не може да ве изненади.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат.

Здравје и совет

Немир и несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови.

Кариера

Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно.

Здравје и совет

Сетете се на своите приоритети.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат.

Кариера

На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи.

Здравје и совет

Клопчето треба да се одмота до крај.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето.

Кариера

Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи.

Здравје и совет

Свртете се кон иднината.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега.

Кариера

Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент.

Здравје и совет

Презентирајте ги своите идеи. Добри се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер