Откриена статуа на Тина Тарнер на местото каде што пораснала - Канал 5

Откриена статуа на Тина Тарнер на местото каде што пораснала

Фановите тврдат дека личи на холандски фудбалер.

Откриена статуа на Тина Тарнер на местото каде што пораснала

Статуа на починатата светска музичка ѕвезда Тина Тарнер е откриена во нејзина чест во Тенеси, државата каде што пејачката пораснала, но реакциите на обожавателите се поделени.

Нејзината статуа висока три метри беше подигната во Браунсвил, недалеку од средното училиште што го посетуваше, како дел од годишната церемонија по повод прославата на нејзиното наследство.

Статуата ја прикажува Тина со микрофон во рака и нејзината препознатлива фризура. Скулпторот Фред Ајанога, творецот на статуата, рече дека посветил посебно внимание на нејзината коса, опишувајќи ја како „лавовска грива“.

По откривањето на статуата, на социјалните мрежи се појавија бројни коментари од обожаватели во кои се сугерираше дека статуата треба да се отстрани. „Требаше да се сруши по откривањето.

Тоа е многу лоша реплика на она што треба да биде легендарната Тина Тарнер“, „Ова е вистинско непочитување“, се некои од коментарите. Многумина исто така истакнаа дека статуата е премногу смешна за нив, па ја споредија со холандскиот фудбалер Руд Гулит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.

При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски.

Како еден премиер да брка и да затвора?

Како еден премиер да гони?

Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски.

Тој повеќе ниту се крие.

Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака.

Премиерот не е обвинител.

Премиерот не е судија.

Премиерот не е полициски инспектор.

Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат.

Тоа значи само едно:

Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола.

Правдата е селективна.

Институциите се инструмент на политичка волја.

Кога сакаат – гонат.

Кога сакаат – се оградуваат.

Кога сакаат – пуштаат, затвораат.

Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа.

СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Премиерот не смее да гони и да апси.

Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. 

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка.

Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции.

Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер