Откриена организирана група за криумчарење мигранти, меѓу нив и еден полицаец

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи пресече организиран канал за криумчарење мигранти во кој биле вклучени 21 лице, меѓу нив и еден полициски службеник.

Како што соопшти Јавното обвинителство, надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 21 лице за сторени кривични дела криумчарење мигранти по член 418-б и организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти по член 418-в од Кривичниот законик. Осомничените се на возраст од 20 до 40 години од кои едно лице е полициски службеник од Секторот за внатрешни работи Штип. Од осомничените 17 лица се лишени од слобода. Тројца во моментов се недостапни на органите на прогонот, а едно лице е на издржување казна затвор за друго кривично дело.

Организираната група за криумчарење мигранти, како што се појаснува, била формирана од петмина кои во мај 2018 година од користољубие создале и организирале криминална група во која се приклучиле уште 15 лица. Групата го извршувала кривичното дело во континуитет до февруари 2019 година, за кој период надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција утврди повеќе кривично-правни настани спроведени од организираната група за криумчарење мигранти.

Осомничените создале структура на групата со поделени задачи на членовите, во која имало организатори, лице за преземање на мигрантите – качак, чистачи, транспортери, извидувачи и слично. Организаторите на криминалната група по претходен договор со соработници – членови на криминална група од Грција планирале и договарале колкав број на илегални мигранти ќе бидат пренесени на територијата на Македонија, во кое време и на кое место ќе бидат прифатени од т.н. качак, со кои возила и како ќе бидат транспортирани. Дел од осомничените – чистачи преку конференциска врска користејќи Вибер апликација и GPS координати, имале задача да ги известуваат останатите членови на криминалната група за евентуална поставеност на полициските патроли на рутата по која се движеле возилата, по што веднаш биле менувани правците на движење. Дел од осомничените остварувале комуникација со сега осомничен полициски службеник од СВР Штип, а со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи, како и информации за тоа дали криминалната група е предмет на истрага во МВР и насоки како да го прикријат нивното криминално делување. Мигрантите кои доаѓале од Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Ирак и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, по краткиот престој во Грција преминувале во нашата држава преку таканаречената „зелена граница". Криминалната група, за сума од 150 до 300 евра по лице – илегален мигрант, вршела пренесување на мигрантите преку различни места за средба, однапред планиран број и видови возила и договорени рути, се до кумановско-липковскиот регион, селата Ваксинце и Лојане кон територијата на Република Србија и државите на Европската Унија.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оцени дека постојат законските околности, па до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Предлог за определување на мерка – притвор за 15 осомничени, како и предлог за определување мерки на претпазливост за пет осомничени лица, стои во соопштението.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер