ЖивотОткриена нова наколна населба кај Даљан што датира од крајот на бронзеното времеСтанува збор за палафитната населба кај месноста Даљан на брегот на Охридското Езеро. Таа потекнува од крајот на бронзеното време т.е. од пред три илјади годиниНова наколна населба досега непозната за архелошката јавност е откриена во рамки на истражувањата спроведени во третата кампања од проектот „Погранични студии-Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија во регионот на Охридското Езеро". Како што соопштија од Археолошкиот музеј од Скопје, станува збор за палафитната населба кај месноста Даљан на брегот на Охридското Езеро. Таа потекнува од крајот на бронзеното време т.е. од пред три илјади години Локалитетот е откриен во рамки на истражувањата, поточно во трета фаза од поширок проект што со финансиска поддршка на Министерството за култура и Карловиот универзитет од Прага го спрведуваат Археолошкиот музеј од Скопје и Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице, Геолошкиот истражувачки центар од Р. Чешка, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Музејот од Струга „д-р Никола Незлобински". Со истражувањата беа земени и преку сто примероци на почва, остатоци од дрва и друг органски материјал кои во рамките на проектот со модерни технологии ќе бидат направени најразлични анализи како: анализа на полен, анализа на макроостатоци, дендрологија и дендрохронологија, седиментологија, хемиска анализа на почва, датирање со изотоп C14 и биохемиски анализи. Со резултатите кои очекуваме да ги добиеме од овие анализи сметаме дека ќе можеме подетално да ја реконструираме археолошката слика на регионот во првиот милениум пред н.е.. Инаку, во првите две кампањи од проектот било спроведено рекогносцирање на населби и некрополи во Охридско-преспанскиот регион, опфаќајќи ја охридската котлина северно од езерото (Струга и Охрид) како и преспанската котлина кои хронолошки припаѓаат на периодот од Бронзеното време па сѐ до потпаѓањето на регионот под римска власт. Главната цел на геолошките истражувања се да се реконструира пејсажот, да се истражат климатските промени како и животните навики на популацијата што го населувала специфичниот Охридски езерски регион, во кој воедно се појавува и елитата што била погребана на некрополата кај Требениште. Со откривањето на новата населба и со останатите резултати добиени со археогеолошките испитувања се добива нова слика за минатото на овој значаен крајбрежен и археолошки богат регион. Раководители на проектот се м-р Перо Арџанлиев од НУ Археолошки музеј од Скопје, д-р Марек Верчик од Карловиот Универзитет од Прага, додека геолошките истражувања ги предводи д-р Јаромир Бенеш од Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСцените од Сплит ја згрозија Европа, Хајдук порача: „Не сакаме да нè паметат вака“Сплитски Хајдук им се извини на навивачите, УЕФА и претставниците на Ајакс, откако членови на „Торцида“ извикуваа нацистички и антисемитски пароли пред натпреварот во Конференциската лига.Од хрватскиот великан Хајдук изјавија дека се подготвени да ја преземат одговорноста. Во соопштението објавено по натпреварот, „Хајдук“ ги осуди настаните што фрлија сенка врз историскиот европски триумф против холандскиот гигант. „Му се извинуваме на организаторот на натпреварувањето, како и на раководството и играчите на ’Ајакс‘, кои беа сведоци на сцени по кои не сакаме Европа да нè памети. Како клуб, подготвени се да ја преземеме одговорноста“, се наведува во соопштението. Навивачите на сплитскиот клуб извикуваа антисемитски и нацистички пароли за време на поворката кон стадионот „Пољуд“, вклучително и такви со кои се величаше Адолф Хитлер. Во колоната имаше и автомобил со ковчег на кој пишувало „Ајакс“, а кој навивачите подоцна го искршија. Полицијата во Сплит започна истрага за да го утврди идентитетот на одговорните лица. Претставници на одредени политички партии, исто така, ги осудија контроверзните скандирања, додека градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, повика на коректно навивање. На инцидентите им претходеа денови на тензија во градот. Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот дојде до масовна тепачка меѓу навивачи на два клуба, при што полицијата приведе 57 лица. Според достапните информации, од вторникот се приведени најмалку 109 лица, додека четворица холандски државјани се здобиле со полесни повреди во напади од страна на навивачи на „Хајдук“. И покрај сè, натпреварот заврши со победа на „Хајдук“ од 2:1, со што клубот од Сплит успешно ја започна групната фаза во Конференциската лига.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. Наводно, Серж Ибака присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а се зборува и дека заедно патувале со приватен авион на Модната недела во Париз. Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. Во последните денови, шпанските и латиноамериканските медиуми шпекулираат за нивната наводна блискост, откако се појавија тврдења дека кошаркарот присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а потоа и отпатувал со неа во Париз. Сепак, ниту Шакира, ниту Ибака немаат потврдено дека се во врска. Според медиумските извештаи, двајцата сè уште се запознаваат, а природата на нивниот однос засега останува нејасна. Гласините ги поттикна шпанскиот папарацо Жорди Мартин, соработник во емисијата „El Gordo y la Flaca“, кој зборуваше за можна романса за време на едно телевизиско гостување на 7 октомври. Според неговите тврдења, Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Посебно внимание привлекоа наводите дека тие, наводно, патувале од Мадрид до Париз со приватен авион за време на Модната недела. Во Париз, Шакира била гостинка на модниот дизајнер Том Форд; сепак, во моментов нема јавно достапни докази кои би потврдиле дека Ибака патувал со неа. Серж Ибака е роден во 1989 година во Бразавил, главниот град на Република Конго, а поседува и шпанско државјанство. Во текот на повеќе од една деценија во НБА, тој изгради забележителна кошаркарска кариера. Неговиот најголем успех на клупско ниво дојде во 2019 година, кога ја освои шампионската титула во НБА со тимот на Торонто Репторс. Исто така, настапуваше и за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик и други екипи, додека со шпанската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Љубовниот живот на познатата пејачка е под будното око на јавноста откако во 2022 година се раздели од поранешниот фудбалер на ФК Барселона, светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике. Поранешниот пар има два сина, Милан и Саша, а нивната разделба предизвика огромен интерес кај светските медиуми. Според последните поврзувања, мегапопуларната пејачка дефинитовно е слаба на спортисти. По раскинувањето, Шакира се поврзуваше со неколку познати мажи, меѓу кои возачот од Формула 1, Луис Хамилтон, и НБА кошаркарот Џими Батлер. Сепак, овие наводи не се официјално потврдени како љубовни врски.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика БританијаПринцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации. Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс. Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија. Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии. Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет. Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија. Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“. Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила. Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26