ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
3Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
ЗдравјеОткриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години Во 1972 година е земен примерок од крв на трудница кој со години бил дилема за научниците. „Анализите направени на жената покажале дека во нејзините црвени крвни зрнца недостасува површински молекул кој во тоа време бил присутен кај сите познати крвни групи. Ваквата необична аномалија останала необјаснета повеќе од половина век. Оваа аномалија, ги поттикнала истражувачите од Велика Британија и Израел да откријат нов систем на крвни групи кај луѓето. Резултатите биле објавени во 2024 година. Според Луиз Тили, хематолог од британската Национална здравствена служба, пронаоѓањето на нов систем на крвни групи и овозможување на најдобра нега за ретките, но не помалку важни пациенти, претставува огромно достигнување на долгорочна, тимска работа. Народот е запознаен само со неколу крвни групи од системот АВО и Рх факторот, но постојат голем број различни крвни системи, засновани на протеини и шеќери кои ја покриваат површината на крвните клетки. Овие молекули, познати како антигени, служат како своевидни идентификациски ознаки што му помагаат на организмот да ги разликува сопствените клетки од опасните, туѓи клетки. По овој податок, усогласеноста на крвните групи е значајна при трансфузија. Ако крвните групи на дарителот и примателот не се совпаѓаат, последиците можат да бидат сеиозни, па дури и смртоносни. Од страна на научниците, на почетокот на 20 век, биле откриени повеќето крвни групи, додека подоцнежните откритија се направени на мал број луѓе. Претходните истражувања покажале дека повеќе од 99,9 проценти од луѓето поседуваат антиген наречен ( AnWj), кој недостасувал во примерокот од крв од 1972 година. Според овој антиген, научниците, новиот систем го нарекле МАЛ (MAL) крвна група. Кај лицата кои имаат мутирани двете копии од овој ген, доаѓа до целосно отсуство на (AnWj )антигенот, што доаѓа до исклучително ретка, таканаречена (AnWj) негативна крвна група, каква што имала и бремената жена. Истражувачите, сепак, идентификувале и неколку пациенти без оваа генетска мутација, кај кои антигенот бил потиснат, што укажува дека одредени нарушувања на крвта можат да влијаат врз неговата појава. За конечно да ја потврдат улогата на генот МАЛ, научниците по децении работа ја вметнале неговата нормална верзија во крвни клетки кои немале (AnWj) антиген. На тој начин практично го „вратиле“ недостасувачкиот маркер на површината на клетките, со што врската меѓу генот и новата крвна група била дефинитивно потврдена. Интересен е податокот дека овој антиген не се појавува кај новороденчињата, туку се развива набргу по раѓањето. Иако сите (AnWj) негативни пациенти во студијата ја имале истата мутација, кај нив не биле забележани други клеточни абнормалности ниту дополнителни заболувања поврзани со ова генетско својство. По ова откритие, може да се тестираат пациентите и да се утврди дали ретката МАЛ негативна крвна група е наследна или е последица на потиснување на антигенот, што може да укажува на друг здравствен проблем. Според научниците, иако ваквите крвни варијации се исклучително ретки, тие можат да имаат сериозни, па дури и фатални последици за заболените. По повеќе од педесет години, конечно е откриена загатката што го вознемирувала научниот тим. Истражувањето е објавено во научното списание „Блад“Blood. /МИАТагови: крвна група Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт МолПарфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови. Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи. Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото. Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter