Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, на последниот ден од посетата на Франција и во пресрет на посетата на Србија, го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година, пренесе Бета.

„Пред 25 години на денешен ден, НАТО флагрантно ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија, при што беа убиени тројца кинески новинари. Тоа никогаш не треба да го заборавиме. Кинеско-српското пријателство, создадено со крвта на нашите сонародници, ќе остане во заедничката меморија на Кинезите и српскиот народ“, изјавил Си пишува Фајненшл тајмс.

Лондонскиот весник наведува дека во Нов Белград, каде што била Амбасадата, денеска биле истакнати националните знамиња на Кина и Србија, а активистите на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ) во понеделникот беа истакнати транспаренти пред зградата на Кинескиот културен центар, која е вклучена на тоа место и на кои пишува „Добредојдовте претседателе“, „Косово е Србија - Тајван е Кина“ и улицата „Кинески жртви на агресијата на НАТО“.

Кинескиот претседател денеска ја завршува посетата на Франција и вечерва доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на неговата мини европска турнеја, во која ќе ја посети само уште Унгарија.

Европратеник и неговиот помошник се осомничени за шпионажа во корист на Кина

Денеска белгиската и германската полиција извршиле претрес во канцелариите на екстремно десничарскиот пратеник во Европскиот парламент Максимилијан Крах и неговиот помошник Џијан Г, како дел од истрагата за сомневање за шпионажа за Кина.

Германските власти објавија дека федералното обвинителство побарало претрес на канцелариите на Крах, главниот кандидат на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на изборите за ЕП во јуни оваа година, и неговиот помошник Џијан Г, кој е осомничен за „активности на агент на тајната служба“, пренесува „Политико“.

Германската полиција во април годинава го уапсила Џијан Г., а како што пишува Дојче веле, постои сомневање дека тој со години доставувал информации од Германија и Европскиот парламент до кинеските служби.

Инспекторите се сомневаат дека Џијан Г. ја искористил својата позиција во кабинетот на Крах за да пренесе информации од парламентарниот живот до кинеското Министерство за безбедност.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава.

Пет мажи носат пејачка како да е статуа- не може да оди поради фустанот од песок (ВИДЕО)

Пејачката и текстописец Тајла синоќа беше меѓу најдобро облечените гости на Мет Гала во Њујорк.

Ја вклучија меѓу најдобро облечените гости, а таа стана ѕвезда на хит видео од Инстаграм. Но, како што вели, сѐ е во ред, важно е што е симпатична.

Тајла во необичен фустан е меѓу најдобро стилизираните гости и оние кои одговорија на темата Мет Гала 2024. Таа носеше фустан од Balmain прекриен со песок и чанта како песочен часовник.

За да ги „скокне“ скалите на Мет Гала 2024 во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк и да ја постигне вистинската поза за фотографирање, таа имала помош од пет мажи кои ја пренеле преку скалите. Видеото е доказ дека понекогаш добриот стил не се постигнува лесно.

„Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“, рече пејачката на прашањето дали воопшто би можела да дише во овој фустан.

Фустанот бил инспириран од песокот на времето, односно од текот на времето што песокот го предизвикува во песочник, што беше инспирацијата и за чантата.

„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата за обликување на облека од нешто толку ефемерно како песок ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам позадоволен од крајниот резултат“, изјави креативен директор на Balmain, Оливие Рустен.

притисни ентер