Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
Шоу бизОткриена е причината за смртта на 31- годишниот пејач Лијам Пејн, кој падна од балкон на хотел Поранешниот член на One Direction, Лијам Пејн, починал од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, откако паднал од третиот кат на балкон на хотел.Шефот на службата за итни случаи во Буенос Аирес, Алберто Кресенти, изјави дека поранешниот член на бендот „One Direction“ не можел да се спаси кога медицинските тимови пристигнале на местото на настанот. - Нашата улога беше брзо да отидеме таму, да му пружиме медицинска помош и да се обидеме да го реанимираме, но неговите повреди доведоа до моментална смрт. Врз основа на она што го виде мојот тим, јасно е дека има фрактура на черепот и екстремно сериозни повреди што довеле до негова непосредна смрт - изјави Кресенти. Службите за итни случаи го потврдија идентитетот на поп-ѕвездата (31) со проверка на неговиот пасош, додека шефот Кресенти одби да ги коментира извештаите дека пејачот можеби бил пијан или се дрогирал. Тој, исто така, нагласи дека се уште се чекаат резултатите од обдукцијата и ги повика сите кои брзаат да судат „да не претеруваат“. Персоналот на хотелот ѝ рекол на полицијата дека Лијам сам се пријавил во луксузниот хотел Каса Сур во модерното предградие на главниот град на Аргентина, Палермо, на 10 октомври оваа година. Се сметало дека тој е во градот за да се сретне со поранешниот колега од бендот One Direction, Ниал Хоран, кој настапувал во Movie Star Arena. Телото на Лијам беше извадено од хотелот во 20.38 часот по локално време, повеќе од три часа по неговиот фатален пад. Да потсетиме, пред Лиам Пејн да доживее несреќа со паѓање од третиот кат на хотелот Каса Сур во Буенос Аирес, еден хотелски работник драматично се јавил во полиција, барајќи помош. Паника и страв ги обзеле вработените во хотелот додека се обидуваа да спречат да се случи несреќата. Очигледно вознемирен, тој истакнал дека Пејн постапувал ирационално и дека имало загриженост дека може да се повреди себеси или другите. Кога сфатиле дека во собата има балкон, персоналот на хотелот веќе бил во паника бидејќи насетил дека може да се случи трагедија. Веднаш по повикот, хотелските работници слушнале силен тресок во дворот и го откриле телото на Пејн. И покрај брзата реакција на итната помош, повредите кои ги здобил при падот од височина од 14 метри биле фатални. Шокираните обожаватели почнале да се собираат надвор од хотелот, носејќи цвеќе и палејќи свеќи во знак на почит кон пејачот кој прерано го загуби животот. Трагичниот настан ја потресе и јавноста и неговите колеги и пријатели од светот на музиката. Пејн, кој пред неколку дена пристигнал во Буенос Аирес за да присуствува на концертот на неговиот поранешен колега Ниал Хоран, на социјалните мрежи ги објави последните моменти од својот живот, несвесен за трагедијата што ќе следи, пишува Дејли Мејл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter