АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЖивотОткриена е мистеријата:Британската кралица има дублерка Мистеријата е решена. Целиот свет досега се прашуваше како 94-годишната британска кралица Елизабета Втора пристигнува на бројни кралски приеми и настани.Од каде оваа старица има енергија да работи од прием до прием? Само минатата година имала дури 295. Се чини дека распоредот на кралицата е многу густ. Премногу густ за да може да стори сé сама. Ако додадеме проби за повеќето од настаните, сценариото за кралицата низ годините станува неподносливо. Но, затоа има бекап, кои популарно се нарекуваат и „дублери“. Од порано знаеме дека многу големи славни лица ги испраќаат своите резервни копии на настаните на кои не успеваат да учествуваат, т.е. луѓе кои физички се многу слични на нив. Понекогаш тие се штитат на овој начин, кога не се задоволни да се појават некаде, затоа што процениле дека може да бидат загрозени. Не е лесно да се биде јавна, позната личност. Сега е откриено дека кралицата Елизабета го прави истото, но на малку поинаков начин. Имено, не постои личност која повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинската Елизабета, но има жена која физички наликува на неа, и барем малку ги олеснува работите за кралицата на сериозна возраст. И тоа го прави цели 30 години. Имено, таа ја менува на пробите за кралски настани. Кралицата е кралица, се занимава со важни работи, се појавува само таму каде што треба, па за пробите на нејзиниот фустан е задолжена 62-годишната Ела Слак, која навистина потсетува на нејзината фигура и изглед. - Ја сменив повеќе од 50 пати. Јас не изгледам точно исто како неа, но имам таква висина и држење на телото, а ние имаме и слична фризура - изјавила Ела за Би-Би-Си. Ела, како што изјави за британските медиуми, била ангажирана за работата случајно, додека била во посета на Би-Би-Си. Тие ја снимале кралицата, но додека сонцето и удрило во очи, Ела добронамерно се понудила да ја замени за да можат да направат снимка. И така започна нејзината „кралска приказна“, еден ангажман довел до друг, а Ела можела да се чувствува како вистинска кралица. Додуша, само на пробите. До денес. Ела се возела во кочијата на кралицата и присуствувала на пробата на облеката за отворањето на Парламентот. Најважно во секое време, вели таа, е да се следи строгиот кралски протокол. Сепак, таа никогаш не смее да се приближува до местото на кралицата. - Не ми е дозволено да седам на тронот на кралицата. Можам само да застанам до него. Тоа е многу строго правило - рече Ела. Никогаш не прифатила плата за услугите за „замена на кралицата“. Имено, таа ја опишува својата работа како „задоволство и чест“. - Настаните за кои помогнав се сите настани што се емитуваат низ целиот свет, ги гледаат милиони луѓе. Јас секогаш ги следам на ТВ и знам дека ќе ја видам кралицата и ќе мислам „ти помогнав“ - вели Ела. Таа не ја извршува оваа улога заради физичката сличност, но ја менува кралицата заради практичност, со цел да и го зачува нерјзиното драгоцено време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook