Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
3Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
ЗдравјеОткриен начин за подмладување на крвните матични клеткиДлабоко во нашата коскена срцевина, специјализирани матични клетки постојано создаваат нови крвни клетки кои се неопходни за функционирањето на телото. Меѓутоа, како што старееме, овие таканаречени хематопоетски матични клетки (ХМК) стануваат помалку ефикасни, ослабувајќи го нашиот имунолошки систем и зголемувајќи го ризикот од болести како што се анемија и рак. Научниците сега открија начин да го вратат времето назад и да ги подмладат старите матични клетки, отворајќи ја вратата кон нови третмани за лечење на крвни и имунолошки нарушувања поврзани со возраста, објавува Science Alert. Клучот е во клеточните центри за рециклирање Како и повеќето наши клетки, ХМК содржат мали оддели познати како лизозоми – клеточни центри за рециклирање каде што сложените молекули се разградуваат на делови за повторна употреба. Нова студија, предводена од истражувачи од Медицинскиот факултет „Икан“ на „Маунт Синај“ во Њујорк, САД и Универзитетот „Париз Сите“, откри дека нефункционалните лизозоми се коренот на многу од проблемите што се јавуваат кај постарите матични клетки. Тимот предводен од биологот за матични клетки, Саги Гафари, спровел експерименти врз глувци и открил дека лизозомите во ХМК кај постарите глувци биле екстремно кисели и целосно нефункционални. Ова довело до тоа клетките да работат прекумерно, забрзувајќи го метаболизмот на гликозата и нарушувајќи го начинот на кој клетката ги користи генетските информации. Таквата хиперактивност е во остра спротивност со однесувањето на младите ХМК, кое се карактеризира со состојба на мирување. Оваа реверзибилна „пауза“ им овозможува на клетките да живеат подолго и да бидат стабилни со тоа што ги штити од стрес и оштетување на ДНК. Токму поради мирувањето, младите матични клетки, при повторно активирање, се значително помоќни во производството на крвни клетки од старите. Враќање на часовникот назад Научниците беа во можност да ги „смират“ оштетените лизозоми во старите матични клетки со хемикалија наречена конканамицин А, која ги враќа нивните pH вредности и нивоа на активност во нормала. Откако ХМК биле извадени од глувци, третирани со хемикалијата и вратени назад, способноста на ткивото да произведува нови крвни клетки се зголемила за дури осум пати. Со стабилизирани лизозоми, старите матични клетки почнале да се однесуваат како млади. Нивната способност за регенерација се подобрила, а производството на крвни клетки продолжила со соодветни стапки, со што се сменил трендот на опаѓање на имунолошкиот систем што е карактеристичен за стареењето. „Нашите наоди покажуваат дека стареењето на крвните матични клетки не е неповратна судбина. Старите крвни матични клетки имаат способност да се вратат во младешка состојба; тие можат да закрепнат“, вели Гафари. „Со успорување на лизозомите и намалување на нивната киселост, матичните клетки станаа поздрави и беа во можност да произведуваат нови, избалансирани крвни клетки и нови матични клетки многу поефикасно. Со таргетирање на лизозомската хиперактивност, успеавме да ги вратиме старите матични клетки во помлада, поздрава состојба, подобрувајќи ја нивната способност да регенерираат крвни и имунолошки клетки“ – истакнува Гафари. Ова еден ден би можело да помогне кај постарите лица да се одржува здрав имунолошки систем, да се намали ризикот од крвни нарушувања поврзани со возраста, а и да се влијае врз целокупното стареење. Потенцијал за третман кај луѓе Старите матични клетки обично не се сметаат за добри кандидати за трансплантација. Сепак, клетките третирани со конканамицин А изгледале подмладени и биле успешно трансплантирани кај животински модел. Ова сугерира дека сличен третман надвор од телото (ex vivo) може да се користи за подобрување на успешноста на трансплантациите на човечки матични клетки. Секако, ќе бидат потребни понатамошни истражувања за да се потврди дали овој пристап функционира кај луѓето, со оглед на тоа што студијата е фокусирана исклучиво на клетки од глувци. Истражувањето е објавено во списанието Cell Stem Cell.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44