3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотОткриен е нов минерал во карпа ископана пред 220 години Научниците откриле нов вид минерал во карпа што била ископана во рудник во Корнвол, Велика Британија, пред 220 години.Темнозелениот минерал, наречен „Кернавит“ по древниот корнволски јазик што го означува името на округот во Англија,го открил тим научници од лондонскиот музеј за природна историја предводен од Мајк Ремзи. Ремзи рече дека пред повеќе од 100 години откривањето нови минерали е честа појава во Корнвол, кога многу рудници во тој округ сè уште биле активни, пренесува Sky News. Карпата во која научниците го откриле минералот е дел од колекцијата на музејот уште од 1964 година, но првично се сметало дека содржи ''Лироконит '' - редок сино-зелен минерал , што го има и на други локации во Корнвол, но исто така и во неколку европски земји. Карпата е ископана од рудникот „Вил Горланд“ во селото Сент Деј во Корнвол. Тој рудник бил активен од 1790 до 1909 година, а сега на тоа место е изграден станбен комплекс. Sky News наведува дека, според познатите податоци, ''Kernowhite'' бил пронајден во приватна колекција и е единствениот примерок на тој минерал во светот. ''Нема веќе. Тоа е затворен рудник, не можеме да се вратиме таму повеќе. Она што го имаме е еден вид мала временска капсула", рече Ремзи. Годишно се откриваат околу 100 нови минерали во светот, но многу ретко се случува да бидат составени од големи и разнобојни кристали, како што е случај со новите видови во Корнвол, додава „Скај Њуз“. Патем, рудниците за калај играа важна улога во економијата на Корнвол, особено во средниот век, а на почетокот на 19 век биле откриени резерви на бакар. Во средината на 19 век, експлоатацијата на бакар и калај започнала да ослабува, така што во 1909 година беше целосно запрена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook