Откриен е ,,кртот” што му го уништи бракот на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос - Канал 5

Откриен е ,,кртот” што му го уништи бракот на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос

Секси пораките, што му го уништија приватниот живот на најбогатиот човек на светот , чинеле 200 000 долари и ги продал братот на девојката на Џеф Безос, Мајкл Санчез.

Откриен е ,,кртот” што му го уништи бракот на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос

Мајкл Санчез , братот на девојката на директорот на Амазан , Џеф Безос , на таблоидот Нешенал Енквајерер им ги продал фотографиите и секси пораките кои Бесоз и ги праќал на неговата сестра , Лорен Санчез.Според американските медиуми за нив Мајкл Санчез добил 200 000 долари.

Тој работи како агент за таленти во компанијата во чија сопственост е овој таблоид и за врската на сестра му со најбогатиот човек на светот зборувал уште минатата есен.

Исплатата на санчез ја одобрила директорот на компанијата Американ Медија, Дејвид Пекер , кој е долгогодишен пријател со американскиот претседател Доналд Трамп.

Веднаш по објавувањето на приказната за врската на Безос со атрактивната Лорен Санчез на цели 11 страници , дојде до развод на Безос и неговата сопруга Мекензи по цели 25 години во брак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел Нетанјаху

Во дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.

Иран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел Нетанјаху

Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година.

Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич.

Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот.

Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор.

„Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко.

Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени

​Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.

Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени

Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава.

Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%.

Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година.

За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети.

Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна.

Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени.

Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците.

Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.

YouTube video

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото:Иванка Трамп знае и да сурфа

Една од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Фото:Иванка Трамп знае и да сурфа

Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи.

44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини.

Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува.

Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта.

Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капење

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер