ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
ЗабаваОткриен е дел од списокот на гости, поканети на свадбата на векот во Венеција (ФОТО)Венчавката на Џеф Безос, основачот на Amazon, и неговата вереница, новинарката Лорен Санчез, би можела да биде еден од најгламурозните настани во годината.Само најпознатите од светот на познатите Сега ТМЗ откри делумна листа на гости во Венеција која, судејќи по имињата на неа, е крајно гламурозна. Поканети се само најпознатите од светот на (шоу)бизнисот, меѓу кои Ева Лонгорија, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и Џевел. View this post on Instagram A post shared by KATY PERRY (@katyperry) Изворот на ТМЗ откри дека на листата се и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер. Меѓу среќните гости се Бери Дилер и Дајан фон Фурстенберг, филмскиот продуцент Брајан Грејзер и манекенките Брукс Надер и Камила Мороне. Двојката е заедно од 2019 година. Двојката официјално ја потврди врската во јануари 2019 година, набргу откако Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Скот, со која има четири деца. Во исто време, Лорен Санчез поминуваше и низ развод од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел, со кој беше во брак 13 години и имаше две деца. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Покрај тоа, новинарката има син од претходната врска со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес. Безос и Санчез се свршени од 2023 година, откако Џеф ја запроси Лорен на неговата суперјахта додека пловеа низ Европа. Таа сака да води целосно женска вселенска експедиција Заедно со подготовките за нејзината претстојна свадба, Санчез се подготвува и да предводи целосно женска експедиција во вселената. Пред повеќе од две години, во интервју за Wall Street Journal, таа ја откри својата желба да лета во вселената со целосно женска екипа. Таа тогаш изјави дека нејзините пет придружнички ќе бидат жени кои го менуваат светот, кои имаат влијание и силна порака.Тагови: свадба венеција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со СитиСветската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура. На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака: Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X. Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик. „Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка. Haaland Cut His Long Hair 🤫#ManCity #bournemouth #ManchesterCity #Haaland pic.twitter.com/qGw4D7l1AN — Starr-lyncy Ofori-Atta (@Starrlyncy) August 23, 2026 „Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ. Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд. Haaland FaceTiming Jack Grealish, Noel Gallagher & Zlatan Ibrahimović… 😂 📱 And then Zlatan notices the haircut: “What the f*** did you do?” 🤣🩵 pic.twitter.com/eQvvGHJ5E4 — Blueprint (@Cityblueprint_) August 23, 2026 Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook