Најпосакуваниот ерген со сина крв на контроверзна свадба во Грција (ФОТО) - Канал 5

Најпосакуваниот ерген со сина крв на контроверзна свадба во Грција (ФОТО)

Цела Европа ја „тресе“ кралската венчавка во Грција, каде што принцот Николаос од Грција и Данска и неговата вереница Криси Вардинојанис си ветија вечна љубов.

Најпосакуваниот ерген со сина крв на контроверзна свадба во Грција (ФОТО)

На оваа церемонија во Атина биле поканети бројни личности, претежно од кралските династии, а секоја од нив се истакна во елегантни тоалети, иако особено се истакна мајката на невестата, Агапи Полити. Младоженецот Николаос кого го нарекуваат „плејбој принц“ се ожени само десет месеци по разводот од претходната сопруга, што е скандалозно во кралските семејства.

Но, женскиот дел од насобраните гости, но и случајните минувачи, повеќе се интересирале за машките гости, пред сѐ оние кои биле подготвени да се венчаат, како што е принцот Константин Алексиос од Грција и Данска,објави Хеломагазин.

Принцот Константин Алексиос од Грција и Данска е роден на 29 октомври 1998 година во Њујорк и е најстар син на престолонаследникот Павле и принцезата Мари-Шантал од Грција, пишува „Википедија“. Тој е и внук на Константин II и Ана Мари од Данска, кои биле последниот крал и кралица на Грција. Тој бил крстен во грчка православна церемонија во катедралата Света Софија во Лондон, а негов кум бил новопечениот принц Николаос од Грција.

На венчавката тој се појави во син костум кој го истакна неговото тело, што навистина го привлече вниманието на женската популација. Неговиот став на свадбата на кумот воодушеви многумина, бидејќи пленеше со харизма и шарм, исто како што му доликува на еден млад принц. Не се знае дали моментално е во врска, но на неговиот Инстаграм профил „се нафрлија“ девојки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер