Откажана е заедничката владина седница на Албанија и Косово, Рама се налутил поради форматот - Канал 5

Откажана е заедничката владина седница на Албанија и Косово, Рама се налутил поради форматот

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти дека средбата планирана за утре е меѓу владата на Албанија и Косово се откажува, затоа што нема договор со Албин Курти.

Откажана е заедничката владина седница на Албанија и Косово, Рама се налутил поради форматот

„Се наоѓаме во услови на заострување на односите меѓу Косово и целата евроатлантска заедница, оваа средба не може да се одржи во очекуваниот формат, откако разговарав со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел“, објасни Рама на прес-конференција.

Тој вели дека побарал од Курти утре да се сретнат во Ѓаковица во потесен формат и да разговараат за оваа ситуација, која е драматична за односите на Косово и евроатлантската заедница.

„Морам да кажам дека не се договоривме со Курти за промена на форматот, тој побара средбата да се одржи според планираното, а потоа да се разговара за тоа, но тоа не е можно бидејќи не е време да се прави средба како ништо да не се случува. Можеби тоа не е конечниот одговор на премиерот“, рече тој.

Двете влади требаше да одржат заедничка владина седница во Ѓаковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова.

Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ.

Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари.

Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио.

Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место.

Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција.

Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место.

Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо.

Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика.

Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. 

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка.

Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер