Откажан саемот за автомобили во Женева

Владата на Швајцарија ги забрани сите јавни манифестации во таа земја во кои учествуваат повеќе од 1.000 луѓе заради опасност од коронавирус.

Иако организаторите на женевскиот автомобилски саем во четврток соопшија дека манифестацијата ќе се одржи по планот од 3 до 15 март, новонастанатите околности и зголемениот број на заразени од коронавирус влијаеја на тоа швајцарските федерални власти да донесат одлука која всушност го забранува одржувањето на саемот во таа земја.

Владата на Швајцарија соопшти дека забраната за одржување на настани на кои присуствуваат повеќе од 1000 луѓе, ќе трае најмалку до 15 март, а токму во тој период и беше планиран саемот за автомобили во Женева.

Инаку, организаторите на саемот, кои во средата одржале состанок по повод новите околности кога станува збор за ширењето на епидемијата на коронавирусот на овој дел од Европа, вклучувајќи ја северна Италија, Австрија, Франција, Германија но и првиот забележан случај на заболување во Швајцарија, во четврток тие беа за тоа саемот сепак да се одржи, како што било предвидено.

Сепак подоцна тој ден, најавено е дека одлуката повторно ќе биде разгледана во петок.

Во муѓувреме се огласија и властите со забрана за поголеми собири, па организаторите практично се доведени пред свршен чин.

Потсетуваме, заради епидемијата на коронавирусот веќе е одложен автомобилскиот саем во Пекинг, кој треба да се одржи во април.

Саемот за автомобили во Женева е една од најважните и најдолговечни автомобилски манифестации, а оваа година требаше да се одржи по 90 пат.

Организаторите на вонредна прес конференција соопштија дека саемот е откажан, а не одложен, затоа што од логистички и други причини, не е можно да биде одржан во некој друг термин оваа година. Учесниците се замолени до 7 март да ги демонтираат своите штандови од изложниот центар.

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер