Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ЗабаваОткажан концертот на Шон Пол во СкопјеОрганизаторот на концертот, „Fusion Production“ соопшти дека нема да се одржи денешниот концерт на хип-хоп и реге музичарот Шон Пол, кој требаше да настапи на Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.„Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини денес беше спречен да се качи на закажаниот лет од Лондон. Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концертот да се помести за утре (24 август) не успеавме да најдеме решение, затоа новиот датум ќе биде соопштен дополнително“, соопштија од „Fusion Production“ на Фејсбук. Од организацијата велат дека сите оние кои купиле влезници, истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе бидат соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување имотни деликти и пожариНа 02.09.2026 во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.Целта на активноста е да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила. На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации, како и на тоа да не оставаат вредни предмети како чанти, телефони, паричници и сл. во возилата и истите секогаш да ги заклучуваат. Превентивна активност за заштита од кражби на подрачје на Демир Капија и Крушево, денеска реализираа и полициски службеници од ОВР Неготино и ОВР Крушево. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС при ОВР Кавадарци пак, во Скопје и Кавадарци реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај, со акцент на тоа да им се укаже на граѓаните за потребата од задолжително користење сигурносен појас во возилата и дека тоа претставува обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, во насока на зголемување на личната безбедност. Исто така, на возачите на мотори и електрични тротинети им беше потенцирана обврската од носење заштитна кацига, пред се за нивна лична безбедност. Во Штип пак, од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип акцент беше ставен на правилното паркирање. Во централното подрачје на Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност за безбедност на пешаците, при што полициските службеници ги потсетуваа пешаците за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата, односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. На граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата. На подрачјето на Пробиштип, полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа превентивна активност за спречување на пожари, со посебен акцент на избегнување на палење оган, граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрхан Муртезани стапи на функцијата во НАТОНовиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.Тагови: Орхан Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефонМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски. Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон. Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците. „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски. Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата. Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVoТагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00