Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
Шоу бизОткако јавно го критикуваше Трамп, славен ТВ водител доби италијанско државјанство (ВИДЕО)Водителот Џими Кимел се пофали со добивање италијанско државјанство.Веста доаѓа откако Кимел јавно го критикуваше Доналд Трамп по неговата победа на претседателските избори во САД. 57-годишниот водител има италијански корени од страната на мајка му, па затоа се потруди да добие италијанско државјанство бидејќи е многу незадоволен од ситуацијата во САД под претседателството на Доналд Трамп. Зборувајќи во подкастот на Сара Силверман, тој рече: „Добив италијанско државјанство, го имам.“ „Што се случува... Колку и да мислите дека е лошо, многу е полошо. Едноставно е неверојатно. Чувствувам дека е веројатно уште полошо отколку што Трамп би сакал да биде“, рече тој за состојбата во Америка. Водителот Џими Кимел верува дека луѓето треба да ги поддржат оние кои го промениле своето мислење за Трамп откако претходно го поддржаа да биде реизбран. „Има многу такви луѓе. Гледате како Џо Роган вели: „Зошто го прави ова? Не треба да депортира луѓе“, а луѓето му пишуваат: „Е*и се, го поддржа“. Трамп неодамна напиша за Кимел и Фалон Доналд Трамп неодамна напиша на платформата Truth Social дека Џими Кимел и Џими Фалон ќе бидат следните чии емисии ќе бидат откажани, откако беше објавено дека „Late Show with Stephen Colbert“ повеќе нема да се емитува по мај 2026 година. „Многу се зборува дека Џими Кимел е следен во безталентната „Late Night Sweepstakes“ и, набргу потоа, Фалон ќе го нема. Ова се луѓе без талент, на кои им беа платени милиони долари за да го уништат она што некогаш беше одлична телевизија.“ „Навистина е добро да ги видам како си одат и се надевам дека одиграв голема улога во тоа“, напиша Трамп. View this post on Instagram A post shared by Jimmy Kimmel (@jimmykimmel) Договорот за „Џими Кимел во живо!“ истекува во 2026 година и сè уште не е познато дали ќе биде обновен. Кимел го критикуваше Трамп Во ноември минатата година, откако Трамп стана претседател на Соединетите Американски Држави, Кимел рече дека Американците „избрале криминалец“ за претседател. „Повеќе од половина од земјата гласаше за криминалец кој планира да се помилува себеси за своите злосторства“, рече тој во својата емисија. View this post on Instagram A post shared by Jimmy Kimmel (@jimmykimmel) Додаде дека тоа била „страшна ноќ“ за жените, децата, стотиците илјади вредни имигранти кои ги тераат САД да работат, како и за здравството, климата, науката, новинарството, правдата и слободата на говорот. Тој истакна дека сиромашните, средната класа, старите лица кои зависат од здравственото осигурување, сојузниците во Украина, НАТО, вистината, демократијата и пристојноста се особено погодени. „Ужасна ноќ за сите што гласаа против него, верувале или не, а за оние што гласаа за него, тие едноставно сè уште не го знаат тоа“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо.Атрактивната бринета повторно привлече големо внимание со својата нова објава и порака. Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со новата објава и порака повторно привлече големо внимание. На фотографијата, Георгина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нивното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите. За кратко време, објавата собра дури 3,6 милиони лајкови, а на социјалната мрежа Георгина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност. Георгина и Кристијано важат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот. Нивната љубовна приказна трае уште од 2016 година, кога се запознале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09