МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
1Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
Шоу бизОтфрлена пријавата против Северина дека физички ја нападнала својата сестраПријавата против балканската музичка ѕвезда Северина дека физички ја нападнала својата сестра Маријана е отфрлена.Отфрлена е жалбата против пејачката Северина Вучковиќ за наводниот напад на нејзината сестра Маријана Вучковиќ Поповиќ што се случи во август минатата година во домот на нивната мајка Ана Вучковиќ, јавува нејзиниот ПР тим. - Северина Вучковиќ добила известување од Општинското државно правобранителство во Сплит дека на 05.06.2023 год. кривичната пријава против неа, поднесена од нејзината сестра Маријана Поповиќ во август 2022 година, е отфрлена - изјави адвокатката Јасминка Билош. - Кривична пријава против Северина Вучковиќ за телесна повреда, чл. 117. став 2. КЗ е разрешен со Решение на Општинското државно правобранителство од 05.06.2023 година. Кир-ДО-784/2022 бидејќи по завршувањето на истрагата не е утврдено основано сомнение дека Северина Вучковиќ го сторила пријавеното кривично дело – продолжи изјавата на адвокатот. Инаку, загрепската полиција ја уапси Северина на крајот на август минатата година откако добила барање од колегите во Сплит да ја уапсат, а причина за сето тоа била расправија во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според изјавата на сестрата на Севе, Маријана, која ја дала на сплитската полиција, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка околу еден часот по полноќ кога настанала и мешаница во станот. Според зборовите на нејзината сестра Маријана, тие наводно жестоко се бореле и си удирале шлаканици, по што Северина си заминала, а нејзината сестра отишла во болница. Меѓутоа, според друга верзија на приказната, сестра Маријана лажно ја пријавила Северина дека и нанела физички повреди. Како што јави 24 Час, Маријана спотред оваа верзија дошла во станот во кој живеат нивната мајка и тетка и тамо ја затеклана и сестрата Северина која веднаш ја нападнала и и нанела повреди. Според извештаите, Северина си заминала, а Маријана почнала да удира по вратите на станарите, да плаче и да се фрла по скалите за самата да се повреди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЌерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неаШарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон. Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули. Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка. https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW „Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа. Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот? Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии. Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКонтроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“Поранешниот француски репрезентативец Бенжамен Менди на аукција ја продаде репликата на трофејот што го доби во 2018 година по освојувањето на Светското фудбалско првенство . Од продажбата тој заработи 54.000 евра. Станува збор за трофејот што секој играч го добива – покрај медалот – за освојувањето на Светското фудбалско првенство. Тој ја објасни својата одлука на „Снепчет“ (Snapchat): „Дали е тоа мој трофеј или ваш? Мој е и можам да правам со него што сакам. Ми зафаќаше многу простор во плакарот. Имам уште работи што можам да ги продадам“, рече Менди, покажувајќи ги своите полици полни со медали и трофеи. А ги има навистина многу. Со Манчестер Сити, тој четири пати беше англиски шампион и освои еден ФА куп и три Лига-купови. Со Сити го освои и англискиот Суперкуп. Менди беше и француски шампион со Монако во 2017 година. Денес, Менди е играч на полскиот клуб Погоњ Шчечин. Во еден момент, тој беше најскапиот одбранбен играч во светот. Манчестер Сити го доведе од Монако во 2017 година за 57,5 милиони евра. Во тоа време, трансферот на францускиот лев бек беше највисокиот дотогаш за еден одбранбен играч. На почетокот во Сити го мачеа повреди, а во август 2021 година клубот го суспендираше откако беше обвинет за силување во шест наврати. Две години подоцна, тој беше ослободен од сите обвиненија и успешно го тужеше Сити за неисплатени плати. Ја оживеа кариерата во Лориен, но е далеку од формата што – меѓу другите успеси – му ја донесе титулата светски првак со Франција во 2018 година. Минатата сезона одигра само 11 натпревари за Погон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08