Отфрлена пријавата од Ременски за злоупотреба на службата и несовесно работење во МВР

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава од Фросина Ташевска-Ременски.

Кривичната пријава е поднесена против три лица за кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата.

– Пријавата првично беше поднесена против две лица, а потоа со дополнително доставен поднесок беше проширена за уште едно лице. Во пријавата се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до 29.04.2015 година, првопријавената во својство министер во Министерството за внатрешни работи, со пречекорување на границите на своето овластување и спротивно на Законот за внатрешни работи, му прибавила корист на второпријавениот, кој во наведениот период бил заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Имено таа овозможила и по исполнување на условите за старосна пензија, второпријавениот да остане во работен однос и месечно да прима плата. За третопријавената, помошник-министер за правни работи и човечки ресурси во Министерството се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до крајот на месец мај 2017 година, спротивно на закон, свесно пропуштила да го извести Министерот дека барањата за продолжување на работниот однос поднесени од второпријавениот се недозволени и сочинила решенија за продолжување на неговиот работен однос, се наведува во соопштението од јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, постапувајќи по пријавата, со две последователни наредби од Министерството за внатрешни работи обезбедил податоци за работниот ангажман на второпријавениот, правните акти на кои се засновал, висината на паричниот износ кој месечно му бил исплаќан и други околности.

– Од материјалната документација, прилозите кон пријавата и писмените известувања обезбедени од МВР, произлезе дека првопријавената како министер за внатрешни работи на 14.04.2014 година донела решение со кое констатирала дека на 31.04.2014 година ќе настапи прекин на работниот однос на второпријавениот заменик директор на УБК поради исполнување на условите за остварување старосна пензија – 40 години пензиски стаж. По барање поднесено од второпријавениот, одобрено од директорот на Управата, да му се дозволи да ги спроведе веќе започнатите опреативни активности под негово раководство, првопријавената на 22.05.2014 година го поништила решението, а второпријавениот на 26.08.2014 година поднел изјава за продолжување на работниот однос. Постапувајќи по барањето, првопријавената донела решение, изготвено од третопријавената, со кое го продолжила работниот однос на второпријавениот за период од една година, заклучно со месец мај 2015 година. Решението било донесено врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи кој влегол во сила на 13.08.2019 година и бил со одложена примена од 12.03.2015 година, со кој се предвидувала можност за продолжување на работниот однос до 45 години пензиски стаж, се наведува во соопштението.

На сличен начин, на 29.04.2015 година, по претходно барање од второпријавениот, првопријавената донела ново решение со кое работниот однос му го продолжила за уште една година, заклучно со мај 2016 година.

– Откако со нов акт за систематизација на работни места во Управата, второпријавениот бил прераспореден, тој поднел уште две барања врз основа на кои со решение на Министерот за внатрешни работи неговиот работен однос бил продолжен до октомври 2017 година, кога исполнил 45 години пензиски стаж и остварил право на старосна пензија. Во периодот од ноември 2017 година до ноември 2019 година, второпријавениот и натаму бил работно ангажиран за потребите на Министерството за внатрешни работи со договор на дело, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Врз основа на ваквите податоци, како и на прибраните вербални докази, надлежниот јавен обвинител проценил дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни обележја на наведените кривични дела. Имено, пропустите по однос на основот за работниот ангажман на второпријавениот во Управата не се на линија на неправо во кривично-правна смисла, туку единствено можат да претставуваат неправилностпри примена на норми со кои се регулираат работните односи. Особено што постапувањето се базирало на процена на безбедносните ризици, запазување на континуитетот на класифицирани оперативни проекти и заштита на интересите на државната безбедност.

Притоа, како што велат од Обвинителството, за првопријавената, јавниот обвинител оценил дека не може да се утврди дека дејствувала со умисла да му прибави имотна корист на второпријавениот, а на штета на Министерството. Второпријавениот, пак, единствено истакнувал барања за продолжување на работниот однос за кои постоела можност да бидат прифатени или одбиени. Дејствијата на третопријавената се исцрпуваат со изготвување решенија, кои ги потпишувал и ги ставал во правна сила ресорниот министер. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер