Отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес против Заев и Димитров

Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Кривичната пријава поднесена од Светскиот македонски конгрес против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за повеќе кривични дела, меѓу кои за повреда на угледот на државата, велепредавство и загрозување на независноста е отфрлена од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Пријавата беше поднесена против лицата во својство на министер за надворешни работи и претседател на Владата и во неа се наведува дека тие сториле и кривични дела – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и Злоупотреба на службена положба и овластување за кои, согласно законската надлежност, претходно се произнесе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ЈОРМ.

По проучување на наводите во пријавата, се вели во соопштението, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни елементи на наведените кривични дела.

– За да може водењето на преговорите за промена на името на државата во кривично-правна смисла да се смета за повреда на угледот на државата и излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, потребно е кај пријавените да постои јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката. Во Преамбулата на Спогодбата, двете страни потписнички се обврзуваат на почитување на начела, принципи и стандарди кои се меѓународно прифатени, а со цел решавање на разликите околу името и зацврстување на добрососедските односи. Притоа, намерата за исмејување, како посебен субјективен елемент на противправноста не е содржана во дејствата на пријавените, се вели во соопштението.

Кривичното дело – Велепредавство може да му се стави на товар на некое лице единствено ако со употреба на сила или сериозна закана се обиде да го измени уставниот поредок на државата или да ги собори највисоките државни органи. Во дејствијата на пријавените нема примена на сила, ниту сериозна закана како средство за изнудување определена одлука или поведение.

Кога станува збор за кривичното дело – Загрозување на независноста, пријавените при потпишувањето на Спогодбата, не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја би се довела во потчинетост или зависност, што се клучни елементи на битието на ова кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител, се вели во соопштението, констатираше дека во дејствијата на пријавените при потпишување на спогодбата не постои заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, па со самото тоа не постојат ниту елементите на кривичното дело – Здружување заради непријателска дејност.

Во однос на кривичното дело – Несовесно работење во службата, потребно е од страна на службено лице да бидат преземени дејствија кои претставуваат повреда на законските прописи за судир на интереси или за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор, со што се прибавува корист за себе или друг или пак на друг ќе му биде нанесена штета. Во овој случај не може да стане збор за постоење намера за прибавување корист или нанесување штета, односно ваквите наводи во пријавата се базираат на претпоставки на пријавителот за кои нема можност за докажување.

Кривичното дело – Самовластие од член 392 став 1 од Кривичниот законик, пак, се гони по приватна тужба и за ова дело јавниот обвинител не е овластен тужител.

Имајќи ги предвид наведените факти, информираат од ЈОРМ, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер