СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
1СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
МакедонијаОтчет на велешкиот градоначалник Марко Колев пред велешаниГрадоначалникот Колев потенцира дека Велес секогаш бил познат како Град на културата и затоа враќањето на овој епитет на градот во изминативе 4 години наишло на огромна поддршка од граѓаните.Во изминатите четири години Велес доби неколку важни капитални проекти со поддршка од Владата, по повеќе од две децении конечно беше изграден новиот покриен Градски пазар на постоечката локација - најубав во земјава, граѓаните добија нов модерно уреден кеј на реката Вардар односно негово продолжување на изградба по две децении, а во тек е продолжување со изградбата на кејот на уште еден дел на што деновиве интензивно се работи. Завршено е уредувањето на централното градско подрачје со смарт елементи,пешачка зона и велосипедска патека,а во тек е изградбата и на подземна катна гаража. На целата територија на Општина Велес беше променето уличното осветлување и е воспоставено паметно осветлување со 4695 нови лед светилки со систем за следење и контрола, а во тек е и постапката за проширување на опфат со дополнителни 500 светилки, најави градоначалникот на Општина Велес Марко Колев на синоќешната свеченост во паркот пред Општинската зграда презентрајќи го пред граѓаните и бројните гости сработеното со што го даде својот отчет од скоро четиригодишното работење. Воедно најави дека поради тоа што некои од уличните лед светилките се гаснат и повторно палат во наредниот период ќе работи и на замена на дотраената мрежа за улични светилки. Како еден од капиталните проекти тоа ја спомна и целосната реконструкција на долните носечки делови и целата конструкција на долниот дел од мостот кај Башино Село кој е главната артерија на градот. -Во сите изминати 20 -тина години сите локални и државни политичари само ја констатираа неговата состојба, но никој не се осмели да го санира над 50 години стариот времен мост. Јас со поддршка од оваа Влада и ЈПДП собрав храброст и по неколку месеци напорна работа на градежнитете, мостот кој е главната артерија на Велес, сега е целосно реконструиран и безбеден за сообраќај и движење по него потенцира Колев. Тој најави дека наскоро локалната власт со подршка од Владата од која доби и средства ќе го реши проблемот за спас на велешко езеро „Младост“. Истакна дека освен завршените и започнати проекти Општина Велес веќе потпиша договори со Владата за реализација на нови 15 проекти чија изведба наскоро ќе започне: реконструкција на патот Чолошево-Дорутовец,реконструкција на влез во село Иванковци и во Башино Село на потег од фирмата „Енмон“ до сред село,реконструкција на влез во село Мамутчево .Воедно најави и реконструкција на плоштадот во центарот на градот,на Противпожарниот дом,заедно со помошен објект и партерно уредување,на спортската сала „Гемиџии“- електрика,водовод и дел од архитектурата,како и реконструкција на nеколку улици и фасадата на Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“. Воедно информира дека дополнително е потпишан и договор за изградба на пречистителна станица за собирање и третман на отпадни води во Општина Велес. Градоначалникот Колев потенцира дека Велес секогаш бил познат како Град на културата и затоа враќањето на овој епитет на градот во изминативе 4 години наишло на огромна поддршка од граѓаните.Се возобновија постоечките традиции и се создадоа нови:како прослава за „Свети Трифун“ Фестивалот „5 ре’ „Рациновите средби“ прераснаа во повеќедневно чествување .Продолжи поддршката на најпосетуваната манифестација во градот Интернационалниот фолклорен фестивал, се одржуваат и „Велешко лето“ кое трае два месеци со повеќе од 30 разновидни настани и многу други културни настани и фестивали. Тој потсети дека е возобновена Вардарската регата „Гемиџии“ заедо со Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ со кој ја организираат а веќе 2 години освен до Гевгелија истата плови по Вардар се ’ до Солун, а возобновена е и Велешката Питијада и многу други манифестации кои се прифатени од велешани а посетувани од бројни гости. Колев посочи дека во изминатите 4 години реконструирани се спортските сали во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ ООУ „Васил Главинов“ и СОУ Гимназија „Кочо Рацин“.Тој потенцира дека како никогаш во изминатите години во Велес и велешко се реконструирани и изградени спортски терени и комплекси како таканареченото Ракометно игралиште во Градскиот парк,кај „Симпо“, во село Горно Оризари,кај Автобуската станица спортските комплекси во населба Тунел,Дворови,Превалец како и памптрак за велосипеди во Градскиот парк и многу други.Воедно направени се и многу детски катчиња со реквизите за најмладите во градот и населените места во Општина Велес. Тој потсети дека Велес има бројни спортски манифестации како: „Трчаме за Рацин“ Спортските игри. Потенцира дека Велес има најмногу цветни насади од сите градови и со право го носи епитетот „цветен град“,а дека се озеленети нови катчиња на јавните површини во градот а и дека се работело на подигнување на свеста на граѓаните за нивно одржување. Колев потсети за континуирано вложување во младите и образованието за доделување стипендии и поддршка на младите во сите области, за поставување на фотофолтаици на сите училишни згради и инстуции во градот,за субвенционирање за велосипед,сончев колектор како и субвенции за новороденче и прваче за многу други проекти за најмладите и сите граѓани на Општина Велес.За опремување со лична и друга опрема и возила на Територијалната Противпожарна Единица од Велес, а која е најдобро опремена во земјава ,за изведба на нови и реконструкција на постоечките водоводни,канализациони линии,сообраќајници и улици. -Се грижевме за најмалите,младите и ранливите ги поддржавме организациите,ги отворивме вратите на Општината за сите граѓани,ги слушавме вашите потреби согласно можностите и од Велес создадовме дом за сите, нагласи Колев. Ведно за се’ што е сработено во општината тие добиле поддршка-зелено светло од Советот на Општина Велес.На свеченоста за соработката со градоначалникот за подобра Општина Велес, зборуваше и актуелниот претседател на Советот Даниел Јаневски и претходниот претседател, а сега актуелен министер за култура и туризам Зоран Љутков,кој се осврна за подршката на Министерството за култура за бројните културни манифестации во Велес и за враќање на епитетот Велес - Град на културата. Свое обраќање имаше и пратеникот Игор Здравковски и актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, акој ја најави кандидатурата за уште еден 4 годишен мандат за градоначалник на Марко Колев и ги повика граѓаните да го поддржат за ушт е еден мандат за подобар Велес.Тагови: Марко Колев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУДокументите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања. Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалМакедонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување. „Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски. Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“. „Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров. По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook