Освоиле вила од 3 милиони фунти, па решиле да ја напуштат: Не е тоа за нас - Канал 5

Освоиле вила од 3 милиони фунти, па решиле да ја напуштат: Не е тоа за нас

Двојка од  Лестер, Англија, кој купил лото тикет од 25 фунти и освоил прекрасна вила вредна речиси три и пол милиони фунти, по само неколку недели решиле да ја продадат за четири милиони фунти.

Освоиле вила од 3 милиони фунти, па решиле да ја напуштат: Не е тоа за нас

Веруваат дека не се вклопуваат во новата богата средина, а трошоците за одржување им се превисоки.

Утам Пармар (58) и неговата сопруга Раки (53) се просечен пар од Лестер. Пред околу два месеци, тие купиле лото тикет и освоиле луксузна куќа во Падстоу, Корнвол, заедно со 5,3 хектари земја, а меѓу нивните соседи има голем број познати личности, како Гордон Ремзи.

Вилата станала сопственост на Пармарс во август - без хипотека, со покриени сите даноци и правни такси, а парот исто така доби 50.000 фунти во готово за покривање на трошоците за преселување и сместување.

Но, нивниот ентузијазам траел кратко, бидејќи по осум недели решиле да ја понудат куќата на продажба за еден милион повеќе од проценетата вредност.

„Тоа не е за нас. Долго време живееме во Лестер и тука сме совршено среќни. Не ни треба вила од 4 милиони фунти. Задоволни сме со нашата куќа од црвена тула и сакаме да останеме во мирниот град на Appleby Magna во Лестершир“, рече Пармар.

„Тоа е одлична куќа на прекрасна локација, но едноставно не се вклопуваме во новата средина на богатите луѓе кои живеат таму, а трошоците за одржување се огромни и не можеме да продолжиме. Размислувавме да се преселиме таму, но сфативме дека е премногу скапо“, изјавил Утам за Дејли Меил, објаснувајќи дека има намера да ги вложи парите од куќата во купување земјиште или помал имот.

Пред да одлучат да го продадат имотот, Пармари таму поминале краток одмор, но на крајот дошле до заклучок дека треба да се напушти. Утам работи како оперативен менаџер 18 години и претходно учествувал во наградни игри, но само оваа наградна игра му донела голема победа.

„Досега имам освоено неколку работи како телевизор и масичка за кафе, но не ни сонував дека ќе освојам нешто толку неверојатно како оваа куќа“, рекол тој. Луксузниот имот ја освоил наградата за најдобра еколошка нова градба во Корнвол за 2020 година, а локалните агенти за недвижнини проценуваат дека може да се изнајмува за 15.000 фунти месечно во шпицот на сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер