Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ЖивотОсвоил 16 милиони долари, па сѐ потрошил и се задолжил, брат му се обидел да го убиеАмериканeцот Вилијам Пост III. уште во 1988 година на лотарија освоил дури 16 милиони долари и успеал да ја потроши целата сума за една година, а на крајот сепак должи милион долари.Но, приказната има и позадина. Имено, Вилијам својата добивка ја прогласил за „смртоносна лотарија“ бидејќи освен тоа што ненадејно ја потрошил, поради тоа за малку ќе бил убиен и морал да оди во затвор. Вилијам избрал да ги добива своите добивки на рати, односно да добива 498.000 долари секоја година. Иако се чини дека тоа е рационална и мудра одлука, се испоставило дека во случајот на Вилијам тоа не било така. Пост потрошил 300 илјади долари за само неколку недели по првата исплата. Купил авион иако немал дозвола за летање. Неговиот адвокат подоцна најдобро опишал како Пост ги потрошил парите. „Тој направи сѐ што би направил милионер преку ноќ“, рекол неговиот адвокат Џон Лачер. За само три месеци откако му била исплатена ратата од 489 илјади долари, Пост бил во долг половина милион долари, а веќе со втората исплата наместо да го исплати долгот, купил вила вредна речиси 400 илјади долари и на тој начин само се трупале долговите. Но, долговите биле само еден од помалите проблеми на Пост во тоа време. Имено, неговиот брат Џефери најмил платен убиец за да ги елиминира Вилијам и неговата сопруга за тој да го наследи остатокот од парите, но за среќа, не успеал. После тоа, работите тргнале многу брзо на полошо. Имено, само една година по добивките, жената со која бил тогаш, поднела тужба против него затоа што првично ѝ рекол дека добивката ќе ја подели на половина. На крајот, во 1992 година, таа го добила случајот и Пост морал да преземе некои радикални чекори. Ја ставил куќата на продажба и ги ставил на аукција сите свои идни исплати на лотарија. Она што му останало, околу два ипол милиони долари, го потрошил многу брзо и останал без ништо. „Сите сонуваат да освојат големи пари, но никој не ги сфаќа кошмарите кои доаѓаат со таа победа. Бев многу посреќен кога бев без пари“, изјавил Пост во 1993 година. Но, неговите маки не завршиле тука, бидејќи во 1998 година бил уапсен бидејќи пукал во инкасатор кој дошол на неговата врата. По отслужувањето на затворската казна, Пост живеел сосема поинаков живот до неговата смрт во 2006 година. Имал приход од 450 долари месечно и умрел во сиромаштија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook