Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
БалканОсуммина, меѓу кои и полицаец и мајка му се уапсени, откако 31 дете се најдени во куќа во БиХОсум лица се уапсени откако во куќа во областа Брчко биле пронајдени 31 дете, а во истрагата е вклучен и Европол.Порталот Republika.rs објави фотографии од сместувањето каде што биле децата. Меѓу уапсените се и судски полицаец и неговата мајка, кои се товарат за трговија со деца. Индекс, за потсетување, вчера од полициски извори дознава дека во Брчко биле затекнати претежно деца Роми. Помал број од нив имаат хрватски пасоши, но потребно е да се провери нивниот идентитет и оригиналноста на нивните документи. Меѓу децата имало и бебиња, а најстарите деца имаат 12 години. Портпаролот на полицијата во округот Брчко, Џевиде Хукичевиќ, ги потврди новите апсења и соработката со Европол на БиХ. Случајот, за потсетување, беше откриен завчера, кога полициски службеници од округот Брчко на БиХ, под надзор на Обвинителството на БиХ и во соработка со Одделот за социјална заштита на округот Брчко и Црвениот крст, преземајќи дејствија од нивна надлежност, пронајдоа 31 дете и ги однесоа на безбедно. „Во рамки на досегашните активности, осум лица се лишени од слобода поради основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запоставување и злоупотреба на деца. Истрагата за споменатиот инцидент е сложена и опфаќа повеќе линии на дејствување, со преземање итни истражни дејствија“, изјави Хукичевиќ. Под надзор на обвинителот, полициските службеници од округот Брчко приоритетно ги преземаат сите неопходни дејствија, при што, додаде Хукичевиќ, е остварена соработка со Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговина-Неретва, како и со неопходната меѓународна соработка на Херцеговина-Неретва. Окружната полиција на Брчко на БиХ во текот на денешниот ден до Окружното обвинителство Брчко поднесе извештај за сторените кривични дела против одреден број осомничени за натамошно кривично гонење и определување мерки притвор“, рече Хукичевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка муЗапечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир, откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на убиЗа семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор. Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди. Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето. Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна. -Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол.. Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
ЕвропаВидео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил самУнгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување. „Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар. Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно. Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – КрњевоГрадоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот. [✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook