2Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаОсумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операцијаПо неколкучасовен лет осумгодишно девојче од Охрид со дијагноза на напредна сколиоза успешно е пренесено во Спинален центар Истанбул со медикоптерот од ГОБ 8ми Септември. Девојчето било лекувано во нашите здравствени институции, но по консултации на лекарите одлучено е понатамошниот третман да биде во Турција каде ќе му биде извршен оперативен зафат. По четиричасовната операција ќе следува третман на рехабилитација кој ќе трае две недели до еден месец. - Заради тоа што пациентката е да кажеме во неподвижна состојба, транспортот е овозможен во лежачка положба е транспортирана заедно со еден родител, дека сепак е малолетно лице. Безбедно се пристигнати во медицинската установа каде што ќе треба да се спроведе хируршка интервенција,- - Христијан Костов -директор на ГОБ 8 Септември. Д-р Костов потсетува дека транспортот за пациентите кои имаат ваква потреба е бесплатен и тој му следува на секој осигуреник во Македонија. Според протоколот потребно е да се испрати Барање за користење на медикоптерот до ЦУК на телефонскиот број 112. - После пријавувањето во ЦУК се препраќа барањето до МВР, откако ќе се одобри употребата на хеликоптерот се препраќа до Министерство за здравство, односно тој препраќа барање до нас за да овозможиме медицинска придружба за транспорт од една медицинска установа кон друга или обратно,- - Христијан Костов -директор на ГОБ 8 Септември. Ова е трет меѓународен транспорт на пациент со Медикоптерот „бел 212“ од одделот за воздухопловни едници при МВР кој е опремен со медицинска опрема за итен транспорт за високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година на хелиодромот на Општа Болница Битола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРасте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес. Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани. Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција. Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност. Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди. Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП. Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф. Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата. Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија. Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“. „Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот. Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.Тагови: Кралот Чарлс принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14