Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Најавени се обраќања и на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.

Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип. Во Битола комеморативните активности почнаа на 9 март со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Битола. Вчера беше оддадена почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара, потоа имаше „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Во Штип комеморативните активности почнаа вчера со комеморативна програма во Советот на градот Штип, каде се обрати градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Се одржа „Поворка на живите“ од општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, каде се положи цвеќе. Театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ беше изведена во Народен театар Штип.

Масовна тепачка во Парламентот на Грузија пред донесување контроверзен закон (ВИДЕО)

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“.

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ѝ ја „продава“ Грузија на Русија.

Седницата продолжила и по тепачката, пренесува Интерфакс.

Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници на странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше откажан поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација што работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

Билборд висок 70 метри се урна во индија, загинаа 14 лица (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи..

Видео снимката покажува дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар..

Најмалку 75 луѓе се повредени, од кои половина биле пренесени во болница..

Властите велат дека билбордот висок 70 метри и широк 50 метри, бил неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола..

Градот претходно бил зафатен од силно невреме..

Обвинителството изврши увид по двојното убиство во с.Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци .

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопштуваат од ОЈО.

притисни ентер