Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес - Канал 5

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес за земјите-кандидати, со јасно дефинирани правила и временска рамка за нивното членство.

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес

Во документот, зад кој стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, се нагласува дека процесот мора да остане заснован на заслуги, при што секоја држава ќе напредува според сопствените реформи. Истовремено, се предупредува дека воведувањето нови политички предуслови и постојаното менување на правилата во текот на преговорите ја поткопуваат довербата во процесот на проширување.

-Избегнување на непотребни нови пречки. Континуираното додавање нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални пречки во текот на пристапниот процес ги демотивира земјите-кандидати, ја поткопува кредибилноста на европската перспектива и го ослабува влијанието на Унијата во соседството. - Нон-Пејпер.

Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски.

-Заштитните клаузули, кога е соодветно, би можеле да се приспособат за да обезбедат продолжување на спроведувањето, и по пристапувањето, на обврзувачките меѓународни договори што претставувале суштински дел од пристапниот процес на една земја-кандидат, особено во контекст на добрососедските односи. Таквите одредби не би создавале нови обврски, туку би ги зајакнале обврските што веќе биле составен дел од условите за пристапување-- Нон-Пејпер.

Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер