Осум медали за каратистите на Макпетрол на Турнир во Бјелина - Канал 5

Осум медали за каратистите на Макпетрол на Турнир во Бјелина

​Карате клубот Макпетрол – Скопје, викендов зема учество на меѓународниот карате турнир НОЌ НА ШАМПИОНИТЕ 2022 , кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.

Осум медали за каратистите на Макпетрол на Турнир во Бјелина

Учество на турнирот земаа 639 спортисти од 73 клуба од 10 држави.

За Бјелина од Карате клубот Макпетрол заминаа вкупно 10 спортисти. Сите беа пријавени и настапија во дисциплината борби во поединечна конкуренција.

Во тешка конкуренција и претежно во сениорскиот дел од програмата, успеавме да освоиме вкупно 8 (осум), медали од кои 4 (четири), сребрени и 4 (четири), бронзени медали.

Медалите ги освоија следните спортисти:

1.Ангела Мојсовска сребрен медал , сениорка +68 кг

2. Стефан Стојанович сребрен медал, сениор +84 кг

3. Витомир Трајковски сребрен медал , сениор -84 кг

4. Јована Мицовска сребрен медал , Јуниорки -59 кг

5. Петар Заборски бронзен медал, сениори -75 кг

6. Давид Петков бронзен медал, сениор -75 кг

7. Викторија Јовановска У21 -61 кг

8. Викторија Јовановска сениорки, -61 кг

Спортистите Глигор Петков, Димитар Лозановски, и Данило Божовиќ не успеаја да освојат медал на овој силен турнир.

- Овој турнир за нас имаше пред се контролен карактер.Контролата ја направивме во извонредна конкуренција со квалитетни натпреварувачи од Србија и Црна Гора. и комплетната репрезентација на Босна и Херцеговина. Задоволни сме од моменталната спортска форма, која во моментов уште не е на највисокото ниво. Сите спортисти кои настапија имаа по повеќе борби во своите тежински категории и тоа со добри и квалитетни натпреварувачи. Затоа точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои треба да ги поправиме. За сениорите ова беше одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција , да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун:- изјави тренерот Бошко Заборски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот.

Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата.

Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“

Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават.

Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон.

Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент.

„Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој.

Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи.

YouTube video

Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента.

Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај.

Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви.

Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер