Осум лица се приведени по масовна тепачка во Прилеп – инцидентот продолжил и во итната помош - Канал 5

Осум лица се приведени по масовна тепачка во Прилеп – инцидентот продолжил и во итната помош

Осум лица, меѓу кои и еден малолетник, се приведени по физички напад што се случил во Прилеп, а според пријавата инцидентот започнал на пат кон крушевското село Саждево и продолжил во просториите на Итната медицинска помош..

Осум лица се приведени по масовна тепачка во Прилеп – инцидентот продолжил и во итната помош

Од СВР Битола информираат дека синоќа по 22 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода осумте лица по инцидентот во кој татко и син, движејќи се со патничко возило „пасат“ кон село Саждево, биле пресретнати од возило „БМВ“, управувано од зет на пријавителот, по што физички ги нападнал.

Подоцна, двајцата побарале лекарска помош во Итната медицинска помош во Прилеп, каде, според пријавата, биле повторно нападнати од неколку лица кои употребиле метални и дрвени предмети..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се откажува ли Милан од Леао?

Милан се откажува од  Португалецот Леао?

Се откажува ли Милан од Леао?

Италијанскиот фудбалски гигант Милан одлучил да го намали обештеувањето за својата ѕвезда на 50 милиони евра.

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан пред затворањето на преодниот рок.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Рубен Аморим не го вклучува во своите планови и дека клубот веќе го известил тимот на играчот за тоа. Наводно, Милан е подготвен да прифати понуда која, вклучувајќи ги и бонусите, би достигнала околу 50 милиони евра

. Галатасарај би можел повторно да се обиде да го ангажира португалскиот фудбалер, откако Габриел Мартинели го одби трансферот во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер