Осум години била киднапирана, а сега е жртва на социјалните мрежи - Канал 5

Осум години била киднапирана, а сега е жртва на социјалните мрежи

Австријанка , која била киднапирана на 10 годишна возраст и живеела осум години затворена, за неа се снимал и филм , а сега се соочува со злоставување на социјалните мрежи.

Осум години била киднапирана, а сега е жртва на социјалните мрежи

Австријката Наташа Кампуш, жртва на киднапирање, вели дека се соочува со вознемирување и злоупотреба преку Интернет, вклучувајќи и смртни закани, по повеќе од десет години откако избега од тајната визба каде била затворена.

„Секогаш ме погодува најтешко кога ќе ми кажат дека моето заробеништво е ништо посебно“, изјави таа за агенцијата ДПА.

Кампуш има нова книга за своите искуства со компјутерските напади, што беше објавена под наслов „Cyberneider: Diskriminierung im Internet“.

Кампуш повикува на еден вид „интернет полиција“ која би можела брзо да интервенира и да им понуди помош на жртвите кога се случува такво насилство.

Жените се особено често жртви на малтретирање преку Интернет, забележува Кампуш, велејќи дека жртвите не треба да бидат тивки кога некој ги напаѓа.

Таа беше на насловнитер страници низ целиот свет кога се ослободи во 2006 година од нејзиниот киднапер, кој ја грабнал на враќање од училиште на 10-годишна возраст во 1998 година.

Волфганг Приклопил ја чувал во подрумот на неговата куќа сè до нејзината 18 годишна возраст , кога успеала да избега.

Напишала книга за искуствата низ кои поминала, врз основа на што е направен филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер