Осудениот Диди од затвор се загрижи за своите седум деца: Некои имаат само еден родител - Канал 5

Осудениот Диди од затвор се загрижи за своите седум деца: Некои имаат само еден родител

Сеан „Диди“ Комбс наводно бил во контакт со своите деца од затвор откако е уапсен под обвинение за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Осудениот Диди од затвор се загрижи за своите седум деца: Некои имаат само еден родител

Раперот „накратко разговарал со членовите на семејството и неговите деца по телефон“, изјавил за People извор близок до семејството.

Изворот додаде дека таткото на седум деца е „многу загрижен“ за нивната благосостојба. Изворот исто така додаде: „Тој има три малолетни деца, од кои две во моментов немаат друг родител“.

Друг извор близок до семејството тврди дека децата на Комбс се „во состојба на криза и шок“ поради наводите. „Тешко е да се видат децата во состојбата во која се. Ова е нивниот татко. Но за нив тој не е Диди, тој е нивниот татко. Тој отсекогаш бил полн со љубов, посветен татко“, рекол изворот.

Комбс го има синот Кристијан (26) и близнаците Џеси и Д'Лила (17) со неговата покојна сопруга Ким Портер, која почина во 2018 година на 47-годишна возраст. Комбс го посвои и синот на Портер, Квинси (33).

Покрај тоа, Диди го има синот Џастин (30), кој го доби со стилистката Миса Хилтон, како и ќерката Шанс (18). Тој ја доби својата најмлада ќерка, Лав, со Дана Тран во октомври 2022 година.

Минатата недела, извор тврдеше дека Комбс бил „очаен“ да разговара со своите деца додека е зад решетки. ТМЗ тогаш објави дека неговото семејство сега „се потпира едно на друго за поддршка“ и „се свртува кон Бога за водство и сила“.

TMZ, исто така, претходно објави дека раперот бил ставен под надзор поради самоубиство, откако му било одбиено барањето за кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер