Осудени се родителите на девојката која умре на кауч, 12 години ја оставиле прекриена со црви

Родителите на девојка од Луизијана, која 12 години живеела на кауч додека ја глодале црви, се осудени на по 20 години затвор.

Шила и Клејт Флечер биле уапсени во јануари 2022 година, откако нивната ќерка Лејси (36) беше пронајдена мртва во ужасни услови на кауч, покриена со измет и црви.

Лејси исчезна од очите на јавноста во 2002 година, а 12 години не го напушти каучот. Кога починала, тежела едвај 40 килограми, соопшти обвинителството.

Патологот изјавил дека девојката починала од акутно занемарување, а дека и две години по откривањето на овој случај бил длабоко потресен од она што го видел.

„Сум видел секакви смртни случаи. Целиот мој работен век сум видел безживотни тела, но никогаш што ѝ се случило на Лејси“, им рекла Евел Бикам на новинарите, додавајќи дека никој не заслужува да страда така.

Лејси била „слеана“ со каучот преку нејзината гнила кожа, а кога ја пронашле, коските ѝ излегувале надвор од телото, вели судскиот лекар.

При изрекувањето на казната за родителите на Лејси, окружниот обвинител рече дека никој нема да се однесува со друго човечко суштество на таков суров начин.

Родителите на Лејси во текот на целото судење инсистираа дека се невини, посочувајќи дека нивната ќерка боледува од Аспергеров синдром и била вознемирена. Тврдеа дека таа одбила да стане од каучот и дека таму ѝ ги носеле оброците и нокширот.

Тие истакнуваат дека нивната ќерка била „заклучена во телото“, и дека била толку невролошки болна што можела да ги движи само очите, но не и екстремитетите.

Но, неколку извори запознаени со случајот и семејството рекоа дека тоа е лажно и директно ги обвинија родителите за тоа што ѝ се случи на Лејси.

Според истрагата, родителите на Лејси ја однеле кај психолог во 2000 година, кога имала 14 години, и рекле дека страдала од тешка социјална анксиозност. Тие се вратиле на лекар во 2010 година без Лејси и рекле дека таа одбива да го напушти нивниот дом и дека уринира и врши нужда на подот.

Докторот им рекол дека треба веднаш да биде хоспитализирана, но девојката никогаш не била донесена во болница.

Џес Исли, кој ги познавал Флечерови 25 години, рече дека не ни знаел дека имаат ќерка и покрај тоа што со децении се гледале секоја недела.

За Клеј и Шила рече дека тие биле примерни граѓани.

"Прекрасни, внимателни, или така мислевме. Шокиран сум од тоа што го дознав. Срцето ми е скршено", рекол Исли.

Форензичкиот патолог Дејна Троеклер откри дека телото на Лејси било преполно со чирови од притисок и дека претрпела хронична инфекција на коските со „поларизирачки влакна на откриената коскена површина“.

„Црвите беа во перинеумот и околу декубитусните улкуси. Ако црвите се појавија по смртта, ќе најдевме ларви и јајца во пределот на очите, ушите и носот“, рече д-р Дана.

Причината за смртта на Лејси беше прогласена дека е сепса поради комбинација на повеќе состојби, вклучувајќи инфекција на коските, продолжена неподвижност, екстремна неухранетост и „тешка хронична занемарување на лице со посебни потреби“.

Дали некогаш ќе се дознаат мотивите за Диво насеље?

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот.

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот, иако во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели.

Екс полицискиот генерал, Стојанче Ангелов кој во моментов е на безбедноста конференција во Вашинготн, за Канал 5 вели дека МВР имало доволно време да ги расветли мотивите за нападот во кој настрадаа осуммина припадници на полицијата.

„Делото од кривично правен аспект е расветлено, терористите се осудени на долгогодишни казни затвор но остана во воздух да лебди неодговорено прашањето околу инспираторите затоа што до ден денес немаме одговор кои беа инспиратори на овој крвав настан.- - Стојанче Ангелов .

Дали можеме да бидеме сигурни дека Диво насеље веќе никогаш нема да се повтори? Изборната камапња ги погреа тензиите, но Ангелов смета дека како држава институционално може да се справиме со било какви закани, иако, вели, периодот до формирање на новата влада е ранлив.

-Во секое предизборие во државата се засилува националистичка реторика, тоа можевме да го слушнеме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но мислам дека со завршување на изборите ваквата реторика ќе биде смирена, единствена опасност постои доколку ДУИ, која очигледно ќе остане во опозиција, се обиде повторно да игра на карта на национализам, разгорувајќи ја меѓуетничката нетрпеливост со закани по безбедноста за државата и граѓаните,- - Стојанче Ангелов.

Во борбата против вооружената група што упадна од Косово осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Загинаа осумина и од терористите, а останатите над 30 издржуваат долгодишни казни затвор.

106 – годишен дедо скокна со падобран и постави светски рекорд (ВИДЕО)

Алфред „Ал“ Бласке од Тексас ја врати титулата „најстар падобранец на светот“ откако скокна од авион на 106 години и 327 дена.

Тој за прв пат влезе во Гинисовата книга во 2020 година, кога скокна од 4.260 метри за да го прослави дипломирањето на своите внуци. Тој тогаш имал 103 години.

„Тоа беше мојот сон. Никогаш не мислев дека ќе живеам толку долго“, изјавил Блашке.

Интересно, тоа бил неговиот втор скок со падобран досега, а првпат се осмели на својот 100-ти роденден, пренесува UPI.com.

За потсетување, неговиот рекорд го собори Дороти Хофнер (104) од Чикаго, која почина малку подоцна во дом за стари лица.

Претходно, титулата „најстар падобранец“ ѝ припаѓаше на Швеѓанката Рут Линеа Ингегард Ларсон, која скокна на 103 години и 259 дена.

"Ако мислите дека не можете, се потценувате. Сите се поспособни отколку што мислат. Само треба да донесат одлука да се обидат", изјави Блашеке по новиот рекорд.

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Техничката влада го положи тестот, смета Талат Џафери кој на прес конференција се осврна на работата на владата во изминатите 100 дена. 

Очекува, како што рече, европскиот пат да го продолжи новата извршна власт, но немаше конкретен одговор на прашањето дали е подготвен да замине во опозиција по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со интегративците.

-Јас сум премиер и размислувам за мандатот што треба да го завршам. Тоа се прашања на органите на партијата и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот од преговорите за состав на нова влада,- изјави – Талат Џафери – Технички премиер.

Откако вчера Државната изборна комисија ги објави првичните официјални изборни резултати почнаа да течат роковите за приговори за Претседателските и Парламентарните избори, кои завршуваат вечерва. Досега не добиле ниту еден приговор, и ако остане така во рок од 24 часа Комисијата ќе ги објави конечните резултати од изборите. До Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за в недела напладне собраниската седница за инаугурација на новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова.

Согласно новиот собраниски Деловник, новоизбраниот парламентарен состав треба да ја одржи конститутивната седница најдоцна до 28 мај, односно најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието, Јован Митрески. Најдоцна десет дена по конститутивната собраниска седница треба да биде доделен мандатот за формирање Влада на партијата или партиите со најголем број пратенички мандати на изборите – во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мандатот на Мицкоски ќе му го додели претседателката Силјановска Давкова. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на новата Владата, која се гласа со мнозинство гласови во Собранието – односни 61 пратеник. Согласно роковите, Македонија би требало да ја добие новата Влада најдоцна до 27 јуни, а во меѓувреме продолжува мандатот на техничката Влада.

притисни ентер