СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
2СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ФудбалОсудени се одговорните за едно од најстрашните стампеда во историјата на фудбалотСудот во Индонезија денеска затвори двајца фудбалски функционери откако ги прогласи за виновни за небрежност за време на едно од најсмртоносните стампеда на стадионите во светот.Во навивачкото стампедо што се случи на 1 октомври минатата година по натпреварот меѓу Арема ФК и Персебаја Сурабаја, загинаа 135 лица, меѓу кои повеќе од 40 деца, додека 300 лица завршија во болница. Абдул Харис и Суко Сутрисно, поранешни службеници за обезбедување на стадионот, се осудени на 18 месеци и 12 месеци затвор. Во моментот на несреќата и двајцата работеле за ФК „Арема“, а фудбалскиот сојуз доживотно им забранил активности поврзани со фудбалот. За истите кривични дела се товарат и тројца полицајци за кои подоцна ќе се одлучува. „Обвинетиот Харис не го предвидел хаосот бидејќи никогаш претходно немало итни ситуации. Обвинетиот исто така не ја разбирал добро својата работа како чувар“, рече судијата. Истрагата на индонезиската Комисија за човекови права утврдила дека главната причина за стампедото е солзавец испукан од полицијата кон толпата. Инспекторите, исто така, рекоа дека стадионот бил исполнет над капацитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТрамп помилува десетици луѓе, меѓу кои и долгогодишниот соработник на Џеј Зи Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела помилува 30 лица, вклучувајќи го и Емори Џонс, долгогодишен соработник на рап-могулот Џеј-Зи, објави „помилувачката“ од Белата куќа, Алис Мари Џонсон.Џонс отслужи речиси 16 години во федерален затвор поради обвиненија за дрога, напиша Џонсон во објава на социјалните мрежи во која ги објави помилувањата. Џеј-Зи, чија компанија „Рок Нејшн“ работеше, исто така побара казната на Џонс да биде ублажена во писмо до судијата. „Њујорк тајмс“ објави дека меѓу другите помилувани е и поранешен синдикален шеф во Филаделфија осуден за поткуп и поранешен морнар во морнарицата затворен за прекршоци поврзани со огнено оружје. Трамп одобри помилувања за кривични пресуди и ублажи и намали казни за повеќе од 1.700 лица од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работаНемам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме. Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава. До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат. Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно. Така што уште еднаш нека ни е со среќа и нека ни се множат вакви проекти.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на ФејсбукСоветникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест. Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите. За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување. Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ. Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук. Ова се истите методи на Вучиќ во Србија. Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ. Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите. Нема да ви помине! Доаѓа време на вистина и правда. Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter