Остри реакции по контраверзиите во Судскиот совет

Последните случувања во македонското правосудство не одат во прилог на евроинтеграциите- ова е коментарот на евроамбасадорот Дејвид Гир за јавните кавги во Судскиот совет и разрешувањето на претседателката Весна Дамева.

Со критика за судските органи, Гир изјави дека владеењето на правото е еден од клучните принципи, кој е под постојан мониторинг од Европската Унија.

По реакциите на претседателот Пендаровски и министерот за правда Лога, и премиерот Ковачевски даде своја оценка- за него случувањата во Судскиот совет се недолични, но уверува дека во судската власт нема политички влијанија.

-Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет беа сцени кои не доликуваа на највисокиот орган во правосудството. Судската власт е независна, извршната власт е независна и законодавната власт е независна. Секој мора да си ги извршува работите во рамките на своите надлежности. Дали некој им се мешал тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура,- Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ги нарече срамни кавгите во Судски совет, а смета и дека ќе се рефлектираат на меѓународниот углед на државата.

-Гледате таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој да биде после избран за судија, таков еден срам, такво едно девалвирање, таков вандализам и вагабонтство на отворена сцена Македонија не познава. Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса. Ја повикувам и меѓународната заедница, овие луѓе што се во владата не им е гајле за народот што мисли тие тоа го кажуваат јавно, тие многу повеќе сакаат да коленичат и да веднат глава пред вас во вашите кабинети, кога го газат дебелиот килим и во Брисел и во вашите амбасади овде, кажете им да заминат така ќе го спасите и народот и државата и самите себе,- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозно е разрешувањето на Дамева, правосудството уште еднаш потфрли и станува средство во рацете на политичарите и подземјето- реагираа и од Алтернатива на Африм Гаши. Како што се одвиваат работите во Македонија во областа на правото, многу брзо ќе бидеме принудени да бараме меѓународен протекторат на целокупниот правосуден систем.- стои во партиското соопштение.

Вчера, седницата за избор на нов претседател на Судскиот совет се одложи за во вторник. Дали процедурата за разрешувањето на Дамева е законита или не, и понатаму останува дилема.

„Хрватска вечер“ на фестивалот „Поетски синтези - 2024“ во Битола

о рамки на 13. Меѓународен фестивал „Поетски синтези - 2024“ што беше отворен синоќа во Битола, денеска ќе се одржи „Хрватска вечер“. Промовирани ќе бидат книгите на Дарија Жилиќ, Диана Буразер, Валерио Орлиќ и Срџан Духовиќ, сите од Хрватска.

Фестивалот почна со доделување на наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна која ја доби хрватскиот поет Валерио Орлиќ, а ЗГ „Нова“ ја додели наградата „Поетски хоризонти“ на хрватската поетеса Диана Буразер за најзината книга „Рајски јаболка“ како најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението „Нова“ од Битола.

„Поетски синтези - 2024“ се одржува во Домот на културата. Го отвори претседателката на Здружението за наука и култура „Нова“ Мирјана Стојановска. Со своја поезија се претставија 15 поети од Хрватска, Италија, Црна Гора, како поети од Битола, Скопје, Гостивар и Ресен. Во музичкот дел се претставија дуото Александар Талевски на гитара и Билјана Талевска-вокал со арија од Џузепе Џордани.

Фестивалот се организира под покровителство на Министерството за култура и општина Битола. /МИА

Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите

Бесплатен влез на локалитетите Кокино и меморијален центар АСНОМ и повеќе активности за најмладите, организира НУ Музеј Куманово по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги посетат локалитетите.

- Годинашново мото за Меѓународниот ден на музеите е „Музеите за едукација и истражување“ и не се однесува само за најмладата публика, туку за сите, вклучително и возрасните кои во секојдневната динамика се чини дека се помалку имаат време да го перципираат и истражат културното наследство околу себе. Затоа ги повикувам сите љубители на културата денеска да ги посетат Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце и архео-астролошкиот локалитет Кокино, изјави директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.

НУ Музеј Куманово, претходните денови во знак на меѓународниот ден организираше неколку активности со акцент на едукација за најмладите. Вчера, беше организирана промоција на македонско-англиска едукативна читанка за деца насловена „Асномска музејска читанка“, која ја обработува темата за првото заседание на АСНОМ и процесите на формирање на модерната држава. Децата учествуваа на етнолошка работилница во лапидариумот на музејот, цртаа и од глина изработуваа етнолошки предмети мотивирани од она што може да се види на постојаната етнолошка поставка. Во просториите на постојаната музејска поставка беше одржана работилница под наслов „Археолог на еден ден“ која имаше за цел да ги едуцира најмалите што е археологија, какво е нејзиното значење и кои се убавините на оваа професија, а кој е финансиран и поддржан од Министерството за култура.

18 Мај е Меѓународен ден на музеите којшто се одбележува уште од далечната 1977 година. Вообичаено низ годините музеите ширум светот на овој ден организираат различни активности преку којшто го афирмираат овој ден и го слават културното наследство. Годинава мотото под кое се одбележува 18-ти мај е „Музеи за едукација и истражување“ и активностите се поддржани од Министерството за култура./МИА

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

 Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег.

Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на Хамајс.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во воздушниот напад повредени се осум лица, ко се хоспитализирани во две болници во Западен Брег. /МИА

притисни ентер