Оставинската постапка е во тек, коj се сака дел од сефот на Тито - Канал 5

Оставинската постапка е во тек, коj се сака дел од сефот на Тито

Пред денешното рочиште за оставинската расправа долга 33 години, долг е редот пред „Сефот на Тито“, како е наречен депозитот 555 во Народната банка на Србија , каде се чува оставината на покојниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

Оставинската постапка е во тек, коj се сака дел од сефот на Тито
Според српски „Блиц“, во тој ред пред сефот се наоѓаат девет наследници на Тито и Јованка Броз и претставници на семејството Караџорџевиќ. На дел од оставината се надеваат и екс Ју републиките сега држави Србија, Хрватска, Словенија и БиХ.

Но, засега легитимни наследници во оставинската поставка во Првиот основен суд во Белград се единствено синот на Тито, Мишо, внуците Златица, Светлана, Јошка и Едвард и сестрите на Јованка, Нада и Зора и нивните два внука.

Неодамна преку адвокат семејството Караџорџевиќ побара да се вклучи во постапката, и тоа откако во април во 2013 година беше отворен сефот и беше утврдено дека поголемиот дел од неговата содржина , всушност го сочинуваат предмети кои и припаѓале на династијата Караџорџевиќ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничување

Украина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. 

Погоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничување

Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин.

Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време.

Во моментов се проценува обемот на штетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид.

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство.

СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство?

Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот.

Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање?

Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите.

Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок?

Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него.

На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност.

Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност.

Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!

Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.

Фото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!

Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор.

За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови.

Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание.

Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер