Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
2Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
ЗдравјеОстанува да се разгледаат уште седум од пристигнати 30 претставки за непотребно извршени интервенции на срцеМинале 15 години откако во операциона сала му бил отворен градниот кош за операција на срце, а сега неговиот медицински картон се најде пред експертите во внатрешната комисија на Министерството за здравство.Минале 15 години откако во операциона сала му бил отворен градниот кош за операција на срце, а сега неговиот медицински картон се најде пред експертите во внатрешната комисија на Министерството за здравство чија задача е да дадат одговор дали интервенција му е направена без потреба само за да се наплатат пари. Пациентот опериран во 2010 година е само еден од над триесетина случаи кои се предмет на разгледување од страна на лекари помеѓу кои има и такви што дирекно учествувале во операциите за кои пак, сега одлучуваат. А, допрва треба да дојдат тројцата странски експерти од Словенија, Италија и Австрија, иако од обвинувањата на кардиологот Сашко Кедев дека во Македонија без потреба и само за профит се оперирале срца поминаа повеќе од два месеца. -Кога тие ќе дојдат во Македонија? Изборите официјално се уште не се завршени, па се уште не можеме да го почнеме процесот, јас имав он-лајн средба со нив. Па, во моментот кога официјално ќе се затвори изборниот процес, тогаш ќе можеме да ги почнеме работите и процедурите од нашето Министерство.Зошто немаме до сега резултати и до каде сме со работата, мислам дека уште седум наоди треба да се анализираат. Тие процеси бараат време, прво тие експерти (од кај нас) во внатрешната комисија се и онака во мал број како експерти во полето, па тие дневно имаат активности и во амбуланта и во операционите сали. Па, така, еднаш неделно, или еднаш на две или три недели, зависно кога може на ист ден да ги собереме сите, тогаш се состануваат,- Азир Алиу – министер за здравство. -Повеќето пријави што стигнаа во фондот беа парче хартија, претставки од пациенти. Па, мораше цела постапка да се започне прво од административна обработка, па да се премине на медицинската обработка. Процесот затоа не е толку брз како што сите би сакале,- Сашо Клековски – директор на ФЗО. Алиу и Клековски денеска беа на презентација на новата современа процедура за решавање на пробелмите со аритмија на срце. Лекарите за првпат извршија аблација за коморна тахикардија - сложен зафат при кој со специјални катетери се пронаоѓа и неутрализира делот од срцето што предизвикува аритмија, со што се враќа нормалното отчукување. Лекарите велат дека комплексните процедури на дел од пациентите ќе им го подобрат квалитетот на живот, а на некои со посериозни аритмии и ќе им го спасат. Бенефит треба да имаат над 100 пациенти, а најзначајно според кардиолозите е тоа што со лекувањето на аритмиите се намалува ризикот од мозочен удар. Тагови: кардиологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаОколу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годинатаРечиси педесет тони небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори.. Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната ценаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини. На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено. Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати. Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени. Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко . Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЗдравјеМЗ: Нема нови случаи на западно-нилска трескаНема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува. Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана.. Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09