Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентаулани обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ" денеска излегоа на виделина

Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „Т.Н.Т." откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка.

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ", а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „Т.Н.Т." откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка, а случајот се врати од почеток.

– Судијата – поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата – поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет, се вели во соопштението од Судот.

Судот, наведува дека согласно неговите Законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник како и резервен поротник, а се со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот.

– Во тој правец судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус", стои во соопштението.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба како и правдата и правната држава, Кривичниот суд, се вели во соопштението, продолжува да постапува по сите предмети, се во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се прозинесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во Законите со кои се регулира

статусот на судиите – поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки./МИА

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер