Османи: Во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори

Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. 

Во октомври сите во ЕУ проценија дека земјава е подготвена за почеток на преговори, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во гостувањето во утрински брифинг на „Слободен печат".

– Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има врз основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но ставот нивни е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почувствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето, изјави Османи.

– Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поспремни од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори, вели Османи. /МИА.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

притисни ентер